• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Книга „Болести на простата - Рак на простата“- автор Др.Л. Ацева - Андонова, специјалист онколог

Болести на простата - Рак на простата „Болести на простата - Рак на простата“
од д-р Лилјана Ацева-Андонова, специјалист радиотерапевт и онколог.

З

а болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив и да ги победиме е подобрата информираност за нив, за причините за нивното јавување, симптомите, како и за начинот на нивното откривање и лекување.

Книгата детално ги разоткрива и објаснува сите заблуди и мистерии кои постојат меѓу народот за простатата. Во неа се опишани најчестите заболувања на простатата: воспалението на простатата, бенигната простатична хиперплазија и карциномот на простатата.

Со подигањето на нивото на медицинската култура и свест кај секој маж ќе се овозможи рано откривање на болеста, а со тоа и нејзино поуспешно излекување. Затоа оваа книга им ја препорачувам на сите мажи кои се грижат за своето здравје и кои сакаат да добијат што подетални информации за болестите на простатата, посебно за карциномот на простатата, кој е начесто заболување кај мажите над 50 години.

Ракот на простатата е излечива или хронична болест.

Од авторот, д-р Лилјана Ацева-Андонова,

радиотерапевт и онколог.

Искористете ја можноста да ја купите оваа корисна научно популарна книга, која треба да ја има секој човек во својата домашна библиотека.

Книгата: „Болести на простатата – Рак на простата“ може да ја купите за само 690 денари. Нарачајте ја  на телефон: 070 615 470

Книгата може да ја подигнете во просториите на „САМОСВЕСТ“  кои се наоѓаат на улица „Хелсинки 22“ во населба Тафталиџе, спроти ТЦ Лептокарија.

 

 


Скрининг за рано откривање на рак на простата
Целта на скринингот е откривање на ракот на простата во раните стадиуми на болеста, пред појавувањето на симптомите. Рутинскиот скрининг се изведува со анален преглед и испитување на туморските маркери во крвта (ПАП и ПСА).

Терапија на коскените метастази кај пациенти со карцином на простата
Карциномот на простатата многу често дава метастази во коските, а поретко во други оддалечени ткива и органи. Најчесто метастазите ги зафаќаат ‘рбетните прешлени, карличната коска, а поретко долгите коски на рацете и нозете.

ОД СОДРЖИНАТА НА КНИГАТА:

Што е простата?

Жлезда со надворешно лачење и е дел од машкиот полов (репродуктивен) систем.

Заболувања на простатата

Најчести заболувања на простатата се: воспаление на простата (простатит), старечка простата (бенигна хипертрофија на простата), рак (карцином) на простата.

Радиотерапија

Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).