Јога вежби за опуштање на грбот Печати

Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулатурата, и ви ги враќаат чувството на одмореност и исполнетост со нова сила и елан.

Положба на риба (мацјасан)

  • легнете на грб
  • свијте ги колената, ако чуствувате затегање помогнете си со перниче
  • истегнете ги рацете над главата и со дланките фатете ги лактите или подлактиците
  • главата лежи на подот
  • затворете ги очите и кажете му на телото да се опушти
  • останете во положбата колку што ви е пријатно

Положба на фетусот (дармикасан)

  • седнете врз петите, со грбот исправен
  • потоа раздалечете ги колената доволно широко за да си направите простор удобно да се смести стомакот помеѓу натколениците
  • дланките поставете ги на подот и полека спуштете го целиот горен дел од телото кон долу
  • во крајната положба можеби ќе имате потреба карлицата да ја подигнете малку кон горе
  • ако главата не ви допира на подот или чуствувате нелагодност во таа положба можете да ја подигнете поставувајќи ја на дланките или врз тупаниците
  • во крајната положба опуштете го целото тело и ќе почуствувате како положбата станува пријатна
  • највпечатливо е чувството на опуштањето на притисокот во зоната на половината која го носи главниот товар на стомакот
  • се опуштаат мускулите на грбот, рамената и стомакот

Во овие две положби телото е неактивно, немаме потреба од голем прилив на кислород, и затоа дишењето полека се смирува, станува сосема бавно. Со тоа опуштеноста и смиреноста од физичко преоѓа на ментално ниво.

Преземено од Рингераја.