Анестезиолошки и хируршки третмани за лекување на болка Печати

Улогата на анестезиологот во мултидисциплинарното лекување на канцерската болка

Мултидисциплинарниот пристап на терапијата на канцерската болка го подржуваат бројни клинички студии.

Искусниот анестезиолог, со своето знаење, е дел од овој мултидисциплинарен пристап. Неговата улога е да ги применува и интегрира инвазивните анестезиолошки пристапи, со неинвазивните пристапи во терапијата на канцерската болка. Анестезиолошкиот пристап на лекување мора да биде ускладен со другите тераписки постапки и со работата на другите членови од тимот. Користејќи ги техниките на регионална анестезија и неуролитичките блокови, во комбинација со фармакотераписките пристапи, со примена на прецизни имплантабилни пумпи, волуметриски пумпи и перфузори, анестезиологот е во можност да ја ефикасно намали и отстрани канцерската болка.