Комплементарни третмани за болка Печати

Покрај примена на медикаментозна терапија за болката, често лекарот може да препорача и други методи за контрола на болката. Некои од овие методи не биле испитувани во студиите за канцерска болка. Но, тие можат да помогнат во подобрувањето на квалитетот на животот на пациентот, намалувајќи ја болката, како и стресот и анксиозноста кои често се присутни кај пациентите со карцином.

Некои од овие методи се наречени комплементарни или интегративни.

Овие методи вклучуваат од примена на ладни и топли облоги, масажа, акупунктура, хипноза и сликовит говор, па се до биофидбек, медитација и терапевтски допир.

Еднаш кога ќе научите како да ги применувате овие методи, може потоа и самите да ги практикувате.

Комплементарни методи на контрола на болката:

  • акупунктура,
  • акупресура,
  • биофидбек,
  • дистракција (одвлекување на внимание),
  • топлина и ладно,
  • хипноза,
  • сликовит говор, сликовит приказ, живо прикажување,
  • масажа,
  • релаксација,
  • други методи.

Акупунктура

Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина. Се состои од забодување на многу тенки, метални игли во кожата, во точно одредени точки на телото. Целта е да се смени протокот не енергијата во телото, така да тоа самото се излечи.

Кога се применува овој третман, пациентот може да има лесна болка, досадна болка, во вид на штипење, или електични сензации во тек на неколку секунди по забодувањето на иглите. Кога иглите ќе се постават, болката и непријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите остануват забодени во кожата на телото од 15 до 30 минути. Акупунктурата се покажала како корисна метода во намалувањето на мачнината, гадењето и повраќањето кои се јавуваат како несакани ефекти од третманот кај пациените со карцином. Исто така, одредени студии покажале дека акупунктурата помага и во ублажувањето на канцерската болка.

Сепак, пред да се започне со овој третман, потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Доколку вашиот лекар ви ја препорача акупунктурата, тогаш таа треба да ја изведува специјално обучен инструктор за акупунктура. Многу болници и центри за карцином имаат ваков специјализиран персонал.


Акупресура

Можеби ниедна терапија во светот не е толку стара како акупресурата. За неа се вели дека е стара колку и самиот човечки инстинкт. Така, природна реакција е да со раката го допреме местото на кое сме почувствувале болка или непријатно чувство.

Суштината на акупресурата, која во тек на изминатите милениуми ја усовршувале Кинезите, се сведува на тоа да на местото кое боли му се возврати со иста мерка т.е. со јак притисок.

Со едноставен притисок на меридијаните, а тоа се патиштата кои ги поврзуваат површината на телото и внатрешните органи, може да се отстранат, или да се ублажат низа на тегоби, како: воспоставување на душевна и телесна хармонија и отстранување на стресот, кој пак од своја страна ја појачува болката, лекување на депресијата, нервозата, вознемираноста.

Покрај тоа што ја намалува болката, акупресурата помага и за повторно воспоставување на равнотежата на телото, ја отстранува напнатоста и стресот, кој го оневозможува нормалното функционирање на организмот и негативно влијае на имунитетот. Таа му овозможува на телото да се приспособи на промените во околинината во која егзистира, а на тој начин и им пружа отпор на болестите.

Акупресурата ги користи истите точки како и акупунктурата. Основна разлика е во тоа што кај акупунктурата се користат специјални игли, а кај акупресурата се користи притисок со дланката, прстите, па дури во некои техники и притисок со стопалото. Предноста на акупресурата е во тоа што е многу едноставна и може да се изведува било каде и било кога. Акупресурата може да ни помогне кога сме вознемирени, кога сме под стрес и кога сакаме повторно да воспоставиме внатрешен мир и равнотежа.

Ние често влијаеме и несвесно. Така, ние си помагаме дури и тогаш кога ќе ги протриеме дланките една од друга, се додека тие не се загреат. Така настанува поле на магнетен напон кое ги стимулира тековите на животната енергија во телото, па телото и духот ги доведува во состојба на хармонична уравнотеженост. Добро е потоа, како што велат исцелителите, рацете да се тријат во ладна вода околу 5 минути, со што ќе се ослободиме од преостанатата негативна енергија.

Иако акупресурата не може да ја замени медицинската терапија, сепак, таа е нејзино извонредно надополнување. Таа е една од наједноставните начини да се овозможи и постигне равнотежа и душевна хармонија. Акупресурата може да им помогне на болните со карцином, намалувајќи го интензитетот на хроничната болка, но и со отстранување на стресот, вознемиреноста, депресијата, и пореметувањата во спиењето, кои настануваат како резултат на постоењето на тешката болест.


Биофидбек

Биофидбекот користи специјални машини кои помагаат да не научат како да ги контролираме одредените физиолошки функции, како што се: работата на срцето, дишењето и мускулната напнатост. Ние никогаш не мислиме на овие физиолошки функции, бидејќи тие се случуваат без нашата волја. Но, учејќи како да ги контролираме овие функции, може да си помогнеме да ја намалиме болката и да се релаксираме. Биофидбекот често се користи заедно со другите методи за намалување на болката.

Доколку се одлучите за овој метод, потребно е да се обратите кај специјализиран инструктор за биофидбек техника.


Дистракција

Дистракцијата е едноставно обид да се фокусираме на некоја друга работа, а не само на присутната болка. Може да се користи како самостојна метода која може да помогне при слабата болка, или да се користи истовремено и со медикаментозна терапија за акутната болка, како на пример при болка поврзана со одредени дијагностички процедури или тестови. Може да се проба со оваа метода и додека се чека лекот да почне да делува.

Често ние и несвесно го практикуваме овој метод и без да сме свесни за тоа. Така на пример, гледајќи телевизија или слушајќи музика се отргнува нашето внимание од присутната болка. Всушност, било која активност која ни го одвлекува вниманието од болката може да се користи за дистракција. Така, може да се обидете да броите, да пеете, да повторувате молитви. Може да со обидете со ритмично дишење или со постојано повторување на одредени фрази како на пример: „Јас ќе издржам“.

Може да обавувате некои активности кои ќе го одвлечат вашето внимание од болката. Некои од нив се: читање на книга, гледање на интересен филм, занимавање со одредено хоби, посета кај пријателите.


Топло и Ладно

Топлината може да ги опушти и смири воспалените и болни мускули, додека пак ладното може да ја отрпне болката.

Како и да е, пред да се примени ставање на ладно или топло, треба да се консултира лекарот дали е безбедно да се користи овој третман. Не користете повеќе од 10 минути при едно ставање, било на топли или ладни облоги. Не користете топли или ладни облози на регии со слаба циркулација.

За ставање на ладно, користете пластични гел пакувања кои остануваат меки и покрај тоа што се замрзнати. Може да се најдат во аптеките. Секако, може да користите и коцки на мраз замотани во пешкир или замрзната вода во хартиена чаша.

За ставање на топли облози, може да користите електрични перничиња или термофори со топла вода.


Создавање на слики

Тоа е како сонување. Ги затворате очите и замислувате слики во својот ум кои ќе ви помогнат да се релаксирате, да се чувствувате помалку напнати, нервозни, Вашиот дневен сон ги користи сите ваши сетила - допир, слух, мирис, вкус, вид. На пример, може да помислите на некое место или случка која ве направила среќни во минатото.

Масажата може да ја намали болката и анксиозноста. Исто така, таа го намалува заморот и стресот. Масажата ја забрзува циркулацијата во телото, релаксира, ја намалува напнатоста на мускулите.

Јака масажа не се препорачува кај пациентите со карцином. Пред да се одлучи да се спроведе масажа кај пациенти со карцином, потребна е консултација со лекар.


Медитација

Многу значајна техника за надминување на стресот, а со тоа и на болката е медитацијата. Медитацијата е поврзана со релаксацијата, која е нејзин нераскинлив основен дел.

Поимот медитација произлегува од латинскиот збор „meditatio“, што значи „сосредеточеност“.

Со медитацијата е остварена стабилност на телото, забавен е ритамот на дишењето, а свеста е сосредоточена на една точка. Во таа состојба индивидуата е оддалечена од вообичаената активност на својот дух и од сите сеќавања независно од дразбите од надворешниот свет, како и од потсвесните димензии. Со медитацијата може да се сознае вистината на нештата, со повлекување од надворешниот свет.

Медитацијата може да помогне во намалувањето на болката.

Во целата филозофија на Истокот на медитацијата и се дава многу големо значење.


Бихејвиорална терапија

Бихевиоралните терапевти се обидуваат да им помогнат на клиентите за да ги видат психичките проблеми како научено однесување, кое може да биде сменето без да се бараат скриени знаења или несвесни причини. Дисфункционалното однесување и размислување се третираат како неадаптивни мисли и акции кои клиентот ги научил. Овие минати научени искуства може да продуцираат проблеми, но систематските нови научени искуства може да помогнат тие да се неутрализираат.

Бихевиоралниот пристап во психотерапијата има свои корени во работата на Водсон, Павлов и Скинер, кои во 20-от век експериментирале во областа на кондиционираните принципи за промена на човечкото однесување.

Најзначајни карактеристики на бихевиоралната терапија се следниве:

Развивање добар однос меѓу терапевт и клиент, со цел да се зголеми довербата на клиентот за да може отворено да зборува со своите проблеми и да биде кооперативен.

Бихевиоралната терапија не е фокусирана кон формалната дијагноза на клиентот, туку кон промена на специфичните мисли, однесувања и емоционални реакции кои го довеле клиентот до таква етикета.

Бихевиоралниот терапевт се однесува слично на учител, асистент, со давање на третмани базирани врз учење, домашни работи и задачи, помагајќи му на клиентот да направи специфичен план за справување со проблемите.

Бихевиоралната теорија подразбира постојан мониторинг и евалуација на третманот како постојано приспособување кон било која процедура која не е ефективна. Бихевиоралниот третман кој се потпира врз класично кондицираните принципи се нарекува бихевиорална терапија, додека бихевиоралниот третман кој се фокусира врз промена на мислите и однесувањето се нарекува когнитивно-бихевиорална терапија.