Парафимоза Печати

Парафимозата настанува кога кожата на врвот на пенисот (препуциум) не може да се врати преку глансот на пенисот и препуциумот останува повлечен во коронарниот сулкус, позади глансот и се стегнува како цврст прстен. Поради компресијата на крвните и лимфните садови, доаѓа до интензивен оток на препуциумот и глансот, пропратен со интензивна болка. Во почетокот е блокирана само венската циркулација, а потоа доаѓа и до блоката на артериската циркулација, која може да додеве до гангрена на пенисот. Поради делумната опструкција на мочниот канал, може да се јават и потешкотии при мокрењето. Кај поблагите форми на парафимоза лекувањето може да биде со рачно враќање на препуциумот преку глансот на пенисот, но ако поминало долго време од почетокот на симптомите, потребно е итно хируршко лекување.

Парафимозата е акутно заболување, кое бара итна хириршка интервенција.

При хируршкиот третман на прафимозата, во првиот акт се прави инцизија (рез) на препуциумот и со тоа се овозмозува враќање на препуциумот преку глансот на пенисот.

Во вториот акт од хируршкиот треман се извршува циркумцизијата. Полесните случаи на парафимозата имаат добра прогноза, но кај тешките форми на парафимоза можат да се јават и трајни несакани последици. Затоа, парафимозата треба да се свати како ургентна состојба во урологијата.

Причини за настанување на прафимозата

Парафимозата најчесто настанува при нагло повлекување на препуциумот од глансот на пенисот, често при дијагностички прецедури или медицински интервенции: катетеризација или цистоскопија. Поретко може да биде предизвикана и од самиот пациент, како на пример при појака мастурбација и сексуален однос, по пирсинг на тестисот или при одржување на личната хигиена.

Третман на парафимозата

Кога ќе се јави парафимоза, треба да се избегнува самостојно насилно повлекување на препуциумот од страна на самиот пациент. Потребна е итно обраќање кај специјалист, уролог.

Лекувањето може да биде конзервативно или хируршко.

Конзервативното лекување се состои од смирување на болката, отокот на препуциумот и враќање на препуциумот во оргиналната положба и состојба.

За смалување на отокот се користат повеќе методи: ладни облози со мраз, компресија на пенисот со завој и притискање со рака, со што на механички начин се отклонува отокот на препуциумот и глансот.

Примена на гранулиран шеќер и хијалуронидаза, исто така може да дадат добри ефекти. Доколку постои уретрален катетер, потребно е тој привремено да се извади за да може да се реши парафимозата. Откога состојбата ќе се корегира, потребно е повторно да се постави катетер.

За смалување на отокот може да се избере еден од следниве постапки: да се замота пенисот со завој и да се стават ладни облози, ставање на еластични компресивни завои, притискање со рака на пенисот, ставање на локален анестетик на површината на пенисот, со што се намалува интензивната болка, нанесување на гранулиран шеќер на површината на отеченио препуциум и потоа стеггнување на пенисот со кондом. Хипотоничната течност од отечениот препуциум минува по осмотски пат во хипертоничниот шеќер, а тоа резултира со намалување на отокот, а со тоа и намалување на болката.

Хијалуронидазата ја разградува хијалуронската киселина во сврзното ткиво, го поттикнува протокот на течноста во него и го смалува отокот. Иницирањето на хијалуронидазата во отечениот препуциум значително го смалува отокот. Се дава и 1мл хијалуронидаза со помош на шприц, во неколку места на отечениот препуциум. Повлекувањето на отокот по ова интервенција е скоро моментално.

Без оглед на тоа која од спомнативе методи ке се избере и примени, кога отокот на препуциумот ќе се намали, парафимозата се решава со нежно повлекување на препуциумот прегу глансот на пенисот. Глансот на пенисот цврсто се стегнува со палецот и показалецот. На тој начин од глансот на пенисот се истиснува крвта и се смалува нејзиниот волумен. Ако оваа постапка е правилно изведена, прстенот на стегнатото ткиво би требало да помине преку глансот на пенисот.

Ако препуциумот го препокрил гланост, но стегнатиот прстен остатанал под глансот, парафимозата не е правилно решена. Кога препуциумот успешно ке се врати преку глансот, тогаш не е потрбен понатамошен третман.

Хируршка терапија на парафимозата

Хируршкиот третман се спроведува веднаш, доколку се работи за тежок облик на фимоза со можност за гангрена на пенисот, но и во случаите кога конзервативниот третман не дал успех.

Неколку постапки за смалување на отокот се: убодна (Dundee) техника, минимално инвазивен зафат и аспирација на крвта.

Убодната техника подразбира користење на игла за убодување на повеќе места на отечениот препуциум, што доведува до надворешно истекување на течноста и смалување на отокот. Потоа се спроведува повлекување на препуциумот со рака.

Алтеративно може да се проба и со аспирација на крв, по поставувањето на еластичен завој.

Но, ако фимозата е јако изразена и има јак прритисок на ткивата, не е можен никаков облик на конзервативен третман, ниту минимални инвазивни зафати.

Во тој случај се прави рез на препуциумот, а потоа и циркумцизија. Циркумцизијата е дефинитен третман на парафимозата, по кој таа неможе повторно да се појави. Овој хиуршки зафат потенцијално носи ризик од крварења, инфекции, повреда на мочниот канал, отстранување на премногу или премалку ткиво. Тој не ја смалува должината ниту ширината на пенисот.

По зафатот потребно е пациентот да се воздржува од генитална стимулација, во тек на 6 седмици по неговото реализирање.

Циркумцизијата се спроведува обично во локална, но во некои случаи и во општа анестезија. По зафатот, над шавовите се става стерилна газа и адекватни антибиотски масти, се препишуват лекови против болка, а понекогаш и антибиотици. Завоите се вадат по 1 до 2 дена од зафатот. Пациентот треба да носи широка, удобна облека и нежно да ја испира раната во тек на наредните 5- 7 дена. Понекогаш хирурзите советуваат да се раната одржува сосема сува како би се избегнала мозна инфекција. Потребно е да с воздржуваат пациентите од мастурбација и сексуални односи во следните 6 седмици од зафатот.

Доколку се јават спонтани реакции, може да се даде инекција на амил-нитрат.

По 2- 3 седмици од реализираната циркумцизија, потребно е пациентот да се јави на контролен преглед кај својот уролог.

Можни компликации од парафимозата и од нејзиниот третман

Парафимозата ја пореметува циркулацијата на крвта и лимфата, предизвикувајќи оток и болка, а доколку оваа состојба не се почне веднаш да се лекува и доколку трае подолго време, може да дојде до изумирање на клетките на нормалното ткиво и до развој на гангрена, која се третира со делумна ампутација на пенисот.

Потенцијални компликции од хируршкиот зафат се:

  • крварења,
  • инфекции,
  • пукање на конците,
  • повреда на мочниот канал,
  • одстранување на премногу или премалку ткиво.

Крварењето по операцијата е најчеста компликација.