Градба и функција на тестисот Печати

Машките семени жлезди (семеници, тестиси) се два јајцевидни органи со големина од околку 5 см. Тие се дел од машкиот полов (репродуктивен систем). Секој тестис е сместен во кожна кесичка (скротум) која го држи и заштитува. Се наоѓа позади телото на пенисот. Тестисите имаат две главни функции: продукција на машкиот полов хормон-тестостерон и создавање на сперматозоиди и нивно складирање.

Во пубертетот тестисите почнуваат да создаваат сперматозоиди (околу 70 милиони на ден) и тестостерон (машки полов хормон), кој ги дава и надворешните машки карактеристики (подлабок глас, растење на брада и појава на влакна во пазувите и пубичната регија, зголемување на мускулната маса и забразан раст и развој). По пубертетот волуменот на тестисите може да се зголеми и до 500% во однос на оној пред пубертетот.

Двата тестиси не се со иста големина и секогаш едниот е пониско поставен од другиот. Обично левиот тестис е поголем од десниот и е поставен подолу од него. Ова се јавува како послдица на разликата во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисот. Исто така се мисли дека тоа е и од еволуционен карактер, за да не би се одбивале тестисите еден од друг.

Секој тестис е разделен на 250-300 мали делови, во кои се наоѓаат свиени семени каналчиња, наречени тестикуларни каналчиња. Овие свиени семени каналчиња завршуваат со мали излезни каналчиња кај главата на надсеменикот (епендим). Создавањето на сперматозоидите започнува во семените каналичиња, каде семените клетки се наоѓат во различен стадиум на развиток и се распространети меѓу сартолиевите келтки. Сартолиевите клетки се специјализирани тестикуларни клетки, кои се одговорни за созревањето на сперматидите (незрелите сперматозоиди). Семиналните каналчиња се обградени со меѓина. Во ред со други клетки во неа се распространети и ткн. Лајдинг клетките. Тие го создаваат машкиот полов хормон-тестостерон. Тестисите се врзани со расклонет садовен систем. Мрежата од крвни садови и капилари осигурува сложени контакти помеѓу стварањето на хормоните (тестостеронот) и созревањето на сперматозоидите. Според тоа, основна функција на тестисите е и сперматогенезата, односно стварањето на зрели сперматозоиди и продуцирање на машкиот полов хормонот, тестостерон.

Од тестисите, сперматозоидите влегуваат во надсеменикот, каде под влијание на посебни ензими и белковини созреваат, а потоа низ семеноводот одат во близина на семените меурчиња. Тука се излачува течност, која, во текот на половиот однос ги води во мочниот канал од каде се исфрлаат при ејакулацијата.

Најчести заболувања на тестисот се: