Варикоцела Печати

Варикоцела е проширување на венскиот садовен спрет (plexus pampiniformis) во скротумот и на внатрешните тестикуларни вени (vena spermatica interna) кои ја враќаат венската крв од тестисот. Доколку варицелата е во блага форма, таа нема видливи клинички симптими, но е значаен фактор за настанување на неплодност кај мажите.

Венскиот сплет, plexus pampiniformisго сочинуваат вените на тестикуларниот сноп. Овие вени ја одведуваат венската крв од тестисите, надсеменикот и семеноводтот и ги стварат сперматичните вени,кои се влеваат во бубрежните вени. Понекогаш овој венски спрет се прошитува, слично како проширените вени на нозете. Ова проширување се означува како варикоцела.

Варикоцелата се јавува најчесто на возраст од 15 и 20 години. Во општата поулација, варикоцелата се јавува во 10-20% од случаите, додека кај неплодните мажи, тој процент е многу повисок и изнесува 40%.

Поделба на варикоцелата

Варикоцелите според својата големина се делат на мали, средни и големи.

  • Малите варикоцели се приметуваат само при допир или носење на тешки предмети, кога е отежнатовраќањето на венскаа крв, па тогаш варикоцелата се зголемува.
  • Средните варикоцели можат да се дијагностицираат со допир на тестисот.
  • Големите варикоцели се видливи и се гледаат како проширени, извијугани вени.

Варикоцелите можат да се јават само на едната страна, било лево или десно, или и на двете страни. Сепак, тие се многу почести на левата страна (90%) отколку на десната, поради неколку анатомски причини:

Аголот под кој левата вена на тестисот влегува во бубрежната вена.

Помал број на венски залистоци, кој би го спречиле враќањето на венската крв на спојот на тестикуларната и бубрежната вена.

Поголем притисок на левата бубрежна вена заради притисокот од горната мезентеријална аретерија и аортата.

Причини за настанување на варикоцела

Причината за настанувањето на варикоцелата не е позната, бидејќи кај повеќто мажи не се откриени некои пропратни болести, ниту процеси. Според тоа, причината за проширување на овие вени е механички, поради опишаните анатомски карактеристики. Но, во некои случаи, варикоцелата може да се јави како полседица на заболувања на горните мочни патишта, а најчесто при тумор на бубрегот. Во прилог на постоење на тумор на бубрегот, е нагло настанување на варикоцелата, која брзо се развива и зголемува. Пореметената цилкулација доведува до враќање на крвта назад од бубрежната циркулација во тестисите, заради што и доаѓа до проширување на вените, т.е. до нагло настанување на варикоцела.

Симптоми на варикоцелата

Варикоцелата обично не дава никакви симптоми. Често се открива при прегледи за утврдување на причината на неплодност кај мажите. Кога варикоцелата е поизразена, тогаш болните се жалат понекогаш на чувств на тежина или болка во скротумот. При преглед н скротумот, тој наликува на вреќа полна со глисти. На кожата на скротумот може да се јави потење,воспалување на кожата пропратено со црвенило и јадеж.

Варикоцелата ја смалува плодноста , но не кај сите мажи. За младите мажи е вазжно да ја редовно контролираат варикоцелата, бидејќи доколку таа брзо се зголемува, понекогаш може да доведе и до одумирање (атрофија) на тестисот.

Дијагноза на варикоцелата

За поставување на дијагнозата на варикоцелата најважен е физикалниот преглед од страна на урологот. Дијагнозата најчесто се поставува со пипање на тестисот додека мажот стои. При допир варикоцелата изгледа како вреќа полна со црви, а често се губи кога пациентот ќе легне. Кога варикоцелате е голема, таа се гледа и без пипање на тестисот. Тестисот на страната на варикоцелата е често помал во однос на оној од другата страна. Пткога ќе се постави сомневање за постоње на варикоцела, со физикалниот преглед, од страа на урологот, тогаш за поставување на точната дијагноза се користи ултразвучен преглед,ткн. колор-Doppler ултразвук, со кој може да се види протокот на крвта во снимената регија на телото. Доколку постои сомневање за присутни болести во стомачната шуплина, кои се причини за настанување на ткн. секундарна варикоцела, се препорачува компјутеризирана томографија на абдоменот, со која може јасно да се видат сите органи и ткива во абдоменот. Иако често точната дефиниција на големината е предмет на расправа, повеќето доктори сметаат дека за постоење на варикоцела може да се зборува кога вените се со дијаметар поголем од 3мм и повеќе.

Третман на варикоцелата

Лекувањето на малите и средно големи варикоцели не е потребно кај повеќето мажи. Ако се присутни полесни болки или чувство на тежина во скротумот, се препорачува носење на потпирувачи (суспендери).

Големите варикоцели се лекуваат со хируршки зафат.

Хируршкото лекување се спроведува во следниве случаи:

  • интензивна болка во тестисот
  • пореметена функција на тестисот-смалување на квалитетот спермата
  • смалување (атрофија) на тестисот ( волумен помал од 20мл, дулјина помала од 4см)

Присуството на варикоцела е причина за неплодност кај мажите.Затоа, кај мажи со абнормалности во квалитетот на спермата, варикоцелата треба хируршки да се лекува со што е можно и излекувањето на неплодноста.

Хируршката интервенција може да се изведе во локална или општа анестезија. Со овј зафат се подврзуваат вените или поретко се отстранува целата варикоцела.

Варикоцелата може да се лекува и со интервентни радиолошки методи при кои со помож на катетер кој се внесува во вена се доаѓа во тестисот и под контрола на ренгенски снимки се емболизираат проширените вени, со користење на различни средства кои се убризгуваат преку катетерот.

Хируршкото отстранување на варикоцелата е лесен оперативен зафат и пациентите веќе по неколку дена можат да ги обавуваат своите секојдневни активности. Туширањето е дозволено по 48 часа од хируршкиот зафат. Потребно е да се избегнуваат спортски активности најмалку две седмици и најмалку една недела да се нема сексуални односи.

Компликациите од хируршкиот зафат се многу ретки. Нормално е да се јават проблеми како:

  • појава на модрици и слаба болка и црвенило околу хируршкиот рез, кои спонтано исчезнуваат
  • чувство на тежина околу и под хируршкиот рез, кое исчезнува обично по 3 седмици

Компликации кои бараат лекарска интервенција се:

  • Инфекција на хируршката рана
    Инфекцијата најчесто се јавува 3-5 дена по зафатот, пациентите имаат покачена телесна температура, интензивно црвенило, оток, болка на местото на резот. Од резот се цеди одилен секрет. Оваа компликција успешно се лекува со антибиотска терапија.
  • Настанување на хидроцела по хируршкиот зафат
    Оваа компликација се јавува само кај 2-5% од пациентите. Хидроцелата е насобирање на течност околу тестисот.
  • Повторно настанување на варикоцела по хируршкиот зафат
    Повторна појава на варикозела, по нејзиното хируршко лекувње, се јавува кај околу 10% од пациентите.

Варикоцела и неплодност

Понекогаш мажи кои имаат голема варикоцела, може да немаат намалена плодност. Од друга страна пак, мажи со многу мала варикоцела, која едвј се приметува имаат значително намален квалитет на спермата. Поради тоа, вликанието на варикоцелата на квалитетот и бројот на сперматозоидите тешко може да се дефинира и предвиди.

Tочниот механизам со кој варикоцелата ја оштетува структурата, функцијата и стварањето на сперматозоидите не е познат. Се претпоставува дека повисоката температура, притисокот и помалата количина на кислород се причини за оштетуваањето на квалитетот на спермата. Температурата во скротумот е пониска од телесната температура, бидејќи за нормаллниот развој на сперматозоидите потребна е пониска температура од телесната. Проширените крвни садови (варикоцела)ка зголемуваат температурата во таа регија и тоа штетно делува на сперматозоидите и на нивниот развој.

По хируршкотоотстранување на варикоцелата, кај просечно 60-70% од пациентите се подобруваат резултатите од анализата на спермата. Околу 40-60% од до тогаш неплодните мажи ,по отстранувањето на варикоцелата стануваат плодни и имаат деца. Бидејќи развојот насперматозоидите (спрматогенезата) трае 72 дена, првите резултати за зголемување на плодноста можат да се очекуваат дури по 3-4 месеци од хируршкото отстранување на варикоцелата.