Следење на пациентите Печати

Следењето на пациентите се состои од редовни контролни прегледи. Тие се многу важни за рано откривање на рецидивите на болеста и нивно навремено лекување.

Следењето се состои во редовни контроли на специфичните туморски маркери во крвта (АФП, бХЦГ и ЛДХ ), ехотомографски преглед на абдоменот на 3 месеци, и KТ на абдомен на 6 месеци во текот на првите две години по комплетирањето на третманот. Потоа контролните прегледи се прават на подолг временски период (на 4, па потоа на 6 месеци). Следењето на пациентите е до пет години, но може да биде и подолго.

Секое покачување на вредноста на туморските маркери во крвта неминовно наложува подетални испитувања.