Рани знаци и симптоми на карциномот на тестисот Печати

Во раниот стадиум карциномот на тестисот најчесто не дава видливи симптоми. Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените.

Најчести симптоми и знаци на болеста се:

  • Мала безболна тврдина во тестисот.
  • Благо зголемување на скроталната кеса или тестисот.
  • Чувство на тежина во скротумот или во препоните.
  • Тапа болка во долниот дел на стомакот или препоните.
  • Променето чувство при пипање на тестисот.
  • Собирање на течност или крв во скроталната кеса.

Треба да се напомене дека многу абнормалности не значат и присуство на карцином на тестисот. На пример: присуство на течност во скроталната кеса, цисти, инфекции.

Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина на едниот тестис, која може да се напипа и не е присутна во другиот тестис.