Терапија по стадиуми Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:22

Стадиум I

(T1, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална нефректомија со регионална лимфонодална дисекција е стандардна
  2. терапија кај неметастатски тумор на бубрегот
  3. Проста нефректомија – може да се спроведе кај одбрани случаи
  4. Парцијална нефректомија. Се спроведува кај строго одбрани случаи
  5. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  6. Артериска емболизација (како палијативна метода)

Стадиум II

(T2, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална нефректомија со регионална лимфонодална дисекција е стандардна
  2. терапија кај неметастатски тумор на бубрегот
  3. Нефректомија со екстерна радиотерапија (предоперативна или постоперативна)
  4. Парцијална нефректомија (кај селектирани пациенти)
  5. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  6. Артериска емболизација (како палијативна метода)

Стадиум III

(T1, N1, M0 | T2, N1, M0 | T3, N0, M0 | T3, N1, M0 | T3a, N0, M0 | T3a, N1, M0 | T3b, N0, M0 | T3b, N1, M0 | T3c, N0, M0 | T3c, N1, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална нефректомија е стандардна тераписка опција. За туморите Т3b, се спроведува радикална нефректомија со ресекција на реналната вена и доколку е потребно, ресекција и на вена кава. За туморите со кое било Т, N1-3, M0 стандардна тераписка опција е радикална нефректомија со лимфонодална дисекција
  2. Предоперативна емболизација со радикална нефректомија
  3. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  4. Туморска емболизација (како палијативна метода)
  5. Палијативна нефректомија
  6. Предоперативна или постоперативна екстерна радиотерапија и радикална не- фректомија.

Стадиум IV

(T4, N0, M0; T4, N1, M0; Кое било T, N2, M0; Кое било T, кое било N, M1)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Интерлеукин-2
  2. Интерферон-алфа
    • Администрацијата на интерлеукин-2 изгледа дека има слична вкупна стапка на одговор со интерферон-алфа (само 5% од адекватно селектираните пациенти имаат подолготрајна комплетна ремисија). Комбинацијата на интерлеукин-2 и интерферон-алфа е проучувана, но не се покажала подобра од само високодозиран интерлеукин-2. Оптималната доза на интерлеукин-2 е непозната.Високодозна терапија изгледа дека е асоцирана со повисока стапка на одговор, но со повеќе токсични ефекти. Поради генерално слабите резултати со медикаментозен третман, пациентите со метастатски ренален аденокарцином треба да се земат во обѕир за клинички студии, особено фаза I и фаза II, кои ги евалуираат новите хемотерапевтски агенси како што се: интерферон или интерлеукин-2, како и стратегиите на кој начин да се модулира мултимедикаментозно резистентниот фенотип, кој е високо изразен кај аденокарциномите на бубрегот.
  3. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  4. Палијативна нефректомија
  5. Радикална нефректомија (за туморите Т4)
  6. Хируршка ексцизија на метастатската болест со радикална нефректомија. Се применува кај селектирани случаи со тумори со стадиум М1 (солитарни пулмонални, коскени и мозочни метастази).

Рекурентен тумор на бубрегот

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Интерлеукин-2
  2. Интерферон-алфа
    • Администрацијата на интерлеукин-2 изгледа дека има слична вкупна стапка на одговор со интерферон-алфа (само 5% од адекватно селектираните пациенти имаат подолготрајна комплетна ремисија). Комбинацијата на интерлеукин-2 и интерферон-алфа е проучувана, но не се покажала подобра од само високо дозиран интерлеукин-2. Оптималната доза на интерлеукин-2 е непозната. Високодозна терапија изгледа дека е асоцирана со повисока стапка на одговор, но со повеќе токсични ефекти. Поради генерално слабите резултати со медикаментозен третман, пациентите со метастатски ренален аденокарцином треба да се земат во обѕир за клинички студии, особено фаза I и фаза II, кои ги евалуираат новите хемотерапевтски агенси како што се: интерферони или интерлеукин-2, како и немиелоаблативна алогена stem-cell трансплантација.
  3. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  4. Монохемотерапија со Vinblastine