Лекување на мултиплиот миелом Печати

Пред да се донесе одлука за терапијата која ќе се примени кај одреден пациент, важно е лекарот да разговара со пациентот за тераписките опции. Онкологот треба внимателно да ги испита функциите на другите органи во телото за да се процени колку агресивна терапија може да поднесе пациентот и да процени дали тој е кандидат за терапија со трансплантација на коскена срцевина односно со периферни хематопоетски клетки или не е кандидат за ваков вид на терапија.

Лекување на пациенти помлади од 65-70 години

По правило пациентите помлади од 65 години (во некои медицински центри под 70 години) се лекуваат со трансплантација на автологни (сопствени) матични клетки од коскената срцевина. Кај овие пациенти се применува терапија со високи дози на цитостатици кои ефикасно ги уништуваат малигните клетки. Како нусефект од вака високите дози на цитостатици е иреверзибилното оштетување на коскената срцевина. Поради тоа, матичните клетки од коскената срцевина претходно се собираат од пациентот и по цитостатската терапија се враќаат во органзимот за да ја воспостават повторната функција на коскената срцевина.

Пресадување (трансплантација) на матични клетки

Терминот „пресадување на коскена срцевина“ се користи за опишување на процесот на земање на клетки од коскената срцевина и нивно повторно враќање (реинфузија) во пациентот. Ова повторно враќање на земените матични клетки се прави после примената на многу високи дози на хемотерапија и/или радиотерапија. Овој процес се нарекува пресадување на матични клетки (stem cell transplantation).

Матичните клетки кои се развиваат и делат во коскената срцевина се одговорни за стварањето на сите три вида на крвни клетки: еритроцити, леукоцити и тромбоцити. Матичните клетки, исто така, во мал број циркулираат и во крвотокот. За да се излекуваат пациентите, се даваат високи дози на хемотерапија. Но, проблемот со овие високи дози на цитостатици е тој што тие ги уништуваат и нормалните матични клетки, заедно со малигните клетки. За жал, цитостатиците не може да делуваат селективно само на малигните клетки. За да се совлада овој проблем, матичните клетки се собират пред почетокот на лекувањето, а потоа со инфузија се внесуваат повторно кај пациентот, по примањето на високите дози на цитостатици. Тие матични клетки растат во шуплините на коските и произведуваат нови црвени крвни зрца, бели крвни зрнца и крвни плочки. Матичните клетки се важни каде и да се собираат, било во крвта со која патуваат, било во коскената срцевина каде се одмараат и делат. Матичните клетки можат да се земат на разни начини од различни дарители.

Извори на матични клетки:

  • Коскена срцевина: матичните клетки може да се земат од коскената срцевина на дарителот. Тоа се изведува во општа анестезија, за да може матичните клетки да се земат со помош на бројни убоди со игла. Се замат од карличната коскена срцевина.
  • Периферна крв: Во многу мал број, матичните клетки се наоѓаат и во нормалната крв. По хемотерапијата или лекувањето со стимурирачки фактори на коскената срцевина, кои често се нарекуваат фактори на раст (G-CSF), матичните клетки во се поголем број ја напуштаат коскената срцевина и влегуваат во периферната крв. Тогаш матичните клетки може да се земат со помош на специјална техника за собирање и со примена на машина за издвојување на клетките.
  • Крв од папочната врвца: крвта од папочната врвца обично се фрла, по раѓањето на детето. Таа е богат извор на матични клетки. Тие може да се земат од исфрлената врвца по раѓањето и да се постојано потхрануваат и чуваат во посебна банка за матични клетки. Овој процес не претставува никаков ризик ниту за мајката, ниту за детето.

Дарители (донори) на матични клетки:

  • Автологни (autologous): матични клетки се земаат од самиот пациент. Тие се земаат кога пациентот е во ремисија,
  • Брат или сестра: матичните клетки се земаат од компатибилен брат или сестра, или поретко од некој друг члел од семејството,
  • Друг дарител, кој не е во крвно сродство со пациентот: матичните клетки се земаат од доброволци, кои се регистрирани во еден од многуте регистри за давање на косена срцевина или крв од папочната врвца, кои ги има низ цел свет. Компатибилните дарители можат да се пронајдат со помош на компјутерски методи.

За жал, овие процедури не се за секој пациент адекватни, ниту расположиви. За лекарите, како и за семејството на пациенетот, ова претставува голем потфат, а за пациентот ризик. Но, кога е тоа можно, пресадувањето дава најдобра можност за оздравување.

Лекување на пациенти постари од 65-70 години

Постарите пациенти (над 65, односно 70 години) се лекуваат со конвенционална терапија која денес, исто така, дава добри резултати.

Ставовите за почетната, уводна терапија на мултиплиот миелом се постојано во фаза на промени. Многу до сега широко применувани тераписки постапки не се потпират на рандомизирани клинички студии. Новите тераписки агенси се повеќето во фаза на испитување, а резултатите имаат кратко време на пратење.

Но, во тек се бројни клинички студии кои ја испитуват ефикасноста на многу цитостатици за лекување на мултилниот меланом.

Во секој случај, важно е болниот заедно со својот онколог да ги разгледа можните начини на лекување. Одлуката за начинот на лекувањето ја донесува пациентот во консултација со својот онколог.