Аденоми на хипофизата Печати

Аденомите на хипофизата сочинуваат од 10-20% од вкупниот број на интракранијални тумори. Тоа се бенигни тумори со спор раст и сиворозевкаста боја. Понекогаш на пресек се шаренолики, поради регресивните промени кои се случуваат во самиот аденом, како што се: некрозата и крварењата.

Аденомите немаат сврзна (фиброзна) капсула, така да се, од околниот здрав дел од хипофизата или нејасно ограничени, или релативно добро одвоени со една гранична зона која ја чинат компримирани ацинуси на аденохипофизата, со строма богата со ретикуларни влакна.

Во зависност од тоа дали синтетизираат и излачуваат хормони или не, тие можат да се поделат во две групи:

  • функционални аденоми,
  • нефункционални аденоми.

Аденомите може да синтетизират и излачуват хормони. Тие се нарекуваат функционални аденоми. Другите, пак, аденоми можат да бидат нефункционални т.е. да не лачат хормони.