Лекување на тумор на мозок Печати

Кога дијагностицирањето на туморот не е целосно спроведено, може да се обиде да се намали отокот, а со тоа и да се олеснат и присутните симптоми и знаци на болеста. На овој начин се добива во време додека не се спроведе адекватна терапија кај пациентот.

Со цел да се намали зголемениот интракранијален притисок се користи дексаметазон, кој има антиедематозно дејство, т.е. го намалува присутниот оток околу туморот.

Оперативен третман

Туморите на мозокот се лекуваат оперативно. Најдобро е хируршкиот третман да се спроведе што е можно порано, додека сеуште не се развиени знаците на зголемен интракранијален притисок.

Потполно отстранување на туморот може да се изведе само во оние случаи кога е достапен за хирургот и кога е со релативно мали димензии. Понекогаш и мали тумори може да не бидат погодни за оперативен третман, поради нивната локализација. Делумно отстранување на туморот е она што понекогаш е најмногу што може да се направи.

Коскена декомпресија

Коскена декомпресија е постапка која се состои во тоа што се отстранува дел од сквамозната плоча на темпоралната коска и тоа овозможува подоцна, во случај на повторно растење на туморот, мозокот на проминира нив отвотот и да не се зголемува интракранијалниот притисок.

Радиотерапија

Медулобластомот е најосетлив на зрачење. На овој начин понекогаш може да се продолжи животот на пациентот и до 10 години.

Хемотерапија

Хемотерапијата понекогаш ја подобрува состојбата на пациентот, но по правило тоа е краткотрајно, и ова лекување не може да се повтори повеќе пати, поради токсично дејство врз коскината срцевина.