Дијагноза на туморите на ЦНС Печати

Анамнеза

Анамнезата укажува на прогресивно развојно пореметување на функцијата на мозокот.

Класичниот тријас на симптоми: главоболка, повраќање и папиларна стаза на очните нерви – помага во поставувањето на дијагнозата.

Физикален преглед по системи

Невролошкиот преглед ги открива жаришните знаци.

Прегледот на черепот може да ги открие дефектите на коските на черепот, кои се предизвикани од притисокот кој го прави туморот.

Дијагностички постапки

Кога со анамнезата и физикалниот преглед, посебно со неуролошкиот преглед се постави сомневање за присуство на тумор во мозокот, се прават дополнителни дијагностички испитувања. Од дијагностичките постапки најзастапени се:

  • компјутеризираната томографија на мозокот,
  • магнетна резонанца на мозокот,
  • ангиографија.

Развиена е посебна метода на потполно неивазивна ангиографија.

Од другите дијагностички постапки, кои можат да бидат од помош при поставување на дијагнозата ќе ги наведеме:

  • Пнеумоенцефалографија е контраиндицирана во сите случаи и околности во кои е контраиндицирана и лумбална пункција. Таа може да даде приказ на деформација и поместување на комората на субарахноидалниот простор.
  • Вентикулографија се спроведува во оние случаи кога пнеумоенцефалографијата е контаиндицирана, а сепак постојат знаци на присуство на тумор.
  • ЕЕГ - понекогаш е голема вредност за одредување на локализацијата на туморот. Во непосредна близина на туморот се забележуваат бавни бранови, а при биполарно поврзување на електроди тие бранови покажуваат инвезија на местото во мозочното ткиво може да предизвикуваат и други празнења (шилци, остри бранови).
  • други испитувања (сцинтиграфија, ехоенцефалографија).

Компјутерската томографија има предност над сите наведни дијагностички постапки.