Болести на хипофизата Печати

Хормонски пореметувања и пореметувања на метаболизмот

Дефиниција

Хипофизата или питуитарната жлезда е централна жлезда со внатрешно лачење, сместена во вдлабнатинката наречена турско седло (sella turcica), во базата на черепот.

Хипофизата се состои од три различни делови, како по функција, така и по градба:

  • Преден резен (pars anterior)
  • Среден резен (pars intermedia)
  • Заден резен (pars posterior)

Предниот дел од хипофизата се означува и како аденохипофиза, додека задниот како неврохипофиза. Средниот дел од хипофизата (pars intermedia) понекогаш се смета за дел од аденохипофизата.

Активноста на хипофизата е под влијание на хипоталамусот.

Со задниот дел на хипофизата (неврохипофиза) управуваат неурохормоните кои се синтетизираат во хипоталамусот. Неврохипофизата се состои од делови на нервни клерки кои се по потекло од хипоталамусот и на тој начин го регулира метаболизмот на водата, лачењето на млекото и контракциите на матката.

Предниот дел на хипофизата (аденохипофиза) го регулира излачувањето на хормоните од периферните еднокрини органи: од штитната жлезда, од надбубрежната жлезда, од половите жлезди, а го регулира и растот и лактацијата.

Клиничка слика

Пациентите со болест на хипоталамусот и хипофизата имаат комбинација на симптоми, како симптоми на интракранијален притосок (главоболка, испади во видното поле), и симптоми кои произлегуваат од зголеменото или намаленото излачување на еден или повеќе хормони на хипофизата Симптомите на хипосекрецијата и хиперсекрецијата најчето се јавуваат кај пациенти со тумори на хипоталамусот и хипофизата, но истите миже да бидат педизвикани и од други причини. За постоење на патолошка творб во пределот на хипоталамусот и хипофизата треба да се посомнева кога се нас ренгенска снимка види зголемена sela turcica (турско седло-дел во мозокот во кој е сместена хипофизата или кога се присутни неуролошки симптоми.

Болести на предниот дел на хипофизата (аденохипофиза)

Хипофункција

Намаленото лачење на хормоните од хипофизата може да биде генерализирано, па во тој случај се зборува за хипопитуитаризам, или може да биде предизвикано од намалена продукција на еден или повеќе хормони на хипофизата.

Генерализираниот хипопитуитаризам е синдром на ендокрин недостаток поради делумен или потполни губиток на функцијата на аденохипофизата.

Причините за овој синдром може да се различни, од воспалителни и автоимуни процеси, па до идиопатски (од непозната причина) недостаток на хормони на хипофизата.

Симптомите и знаците на хипопитуитаризмот одговараат на основната болест, како и на симптомите и знаците кои одат со недостатокот на одреден хормон од хипофизата.

Почетокот на болеста може да биде нагол и драматичен, но обично оди постепено, па болеста веднаш не се препознава. Обично се наведува дека прво доаѓа до намалување на гонадотропните хормони (половите хормони), а потоа настанува пореметување и губиток на хормонот за раст, а најдоцна се намалува секрецијата на тиреотропинот и адренокортикотропниот хормон.

Генерализираниот недостаток на хормоните на хипофизата мора прво со сигурност да се докаже, па дури потоа да се започне со доживотно лекување со супституциона терапија. Потребно е да се откријат симптомите на недостатокот на хормоните или морфолошките промени (промените во структурата) на хипофизата.

Недостатокот на хормонот за раст обично кај возраните не предизвикува симптоми кои би биле клинички препознатливи, намалувањето на TSH резултира со развој на хипотироза (намалена функција на тироидната жлеза), а намалувањето на ACTH предзвикува хипофункција на надбубрежната жлезда, која доведува до замор, до намален крвен притисок, развој на инфекции и појава на стрес.

Изолираниот недостаток на хормоните не хипофизата обично се открива во детството или во младоста поради постоење на застој во растот или доцнење во половото созревање.

Дијагноза

За поставување на дијагнозата на аденомот, дијагностички методи на избор се: Компјутерска томографија КТ и магнетна резонанцас (МР).

Исто така се одредува и функцијата на штитнта жлезда. Таа се одредува со радиоимунолошката метода, а сите нивои на хормоните од штитната жлезда треба да бидат намалени: тироксин (T4), тријодтиронин (T4), и TSH. Доколку е покачен TSH, примасрното пореметување е во штитнсата жлезда. Тестот на инсулинската толеранција се користи за одредувањето на резервите на ACTH.

Лекување

Во лекувањето потребна е надокнада на хормоните кои се недовнолно излачуваат поради ослабената функција на целните жлезди, жлездите што се по контрола на хипофизата. Ако се хипопитуитаризмот јавил поради тумор, специфичното лекувње е усмерено према отстранувањето на туморот, било со хируршки зафат или со сузбивање со лекови (бромокриптин), и исто така треба да се надокнадат хормоните на целните жлезди кои се во хипофункција.

Хиперфункција

Зголеменото излачување на хормони од хипофизата се нарекува хиперпитуитаризам, а најчести хормони кои се при тоа зголемено лачат се: хормонот за раст, пролактинот и ACTH.

Зголеменото лачење на хормонт за раст доведува до појава на гигантизам и акромегалија. бајчесто е предизвикано од постоење на адено, (бениген жлезден тумор) на одговарајуците клетки на хипофизата.

Вишокот на хормонот за раст може да се јави во било кое животно доба, но најчесто се јавува меѓу 30 ио 50 години од животот.

Доколку се зголеменото излачување на хормонот за раст јави во детството, пред потполното затварање на епифизите (деловите на коските вазни за нивен раст) настанува питуитарен гигантизам, прекумерен раст.

Доколку се зголеменото излачување на хормонот за раст јави по потполното затварање на епифизите , се јавува зголемвање на крајните делови од екстремитетите, односно доаша до зголемување и задебелеување на шаките и стопалта, груби црти на лицето, кои се први знаци нас болеста која се нарекува акромегалија. Се јавуваат и други симптоми како што е длакавост, груба и потемна кожа, зголемено потење и зголемен раст на долната челјуст (мандибула)- прогнатизам.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува со утврдување на золеменото ниво на хормонот а рст во серумот, како и со рендгенграфија на шаките, која покажува задебелувања.

Во лекувањето се препорачува отстрануање на туморот со операција или со зрачење, а дококу тоа не е можно или не е доволно, се препорачува терапија со лекови.

Најчеста причина за зголемената концентрација на пролактинот, која резултира со галактореа (лачење а млеко кај машите или ка жените кои не дојат) е туморот на хипофизата кој излачува зголемени количини на пролактин. Тој тумор се нарекува пролактином. Покрај зголемото ниво на пролактинот, намалени се некогаш нивоата на гонадотропинити и естрадиолот.

Лекување

Лекувањето зависи од големината на туморот-пролактиномот, па може да се примени терапија со бромокриптин, или да се спроведе хируршки зафат или зрачење кај пациенти со прогресија на болеста. Потребно е секогаш пациентот да се држи под надзор. да се следи и контролира растот на туморот, односно прогресијата на болеста.

Болести на задниот дел на хипофизата (неврохипофиза)

Задниот дел на хипофизата (неврохипофиза) е одговорен за излачување на антидиуретичкиот хормон или вазопресин (ADH). Со болеста нса нипофизата се намалува нивото на вазопресинот поради што се излачуваат големена количина на многу разредена мочка (полиурија), а истовремено е присутнани зголемена жед (полдипсија). Болеста се нарекува централен дијабет или Diabetes insipidus. Таа се карактеризира со зголемено пиење на течности и големено мочање.

Лекувањето може да биде хормонско со примена на хормоснки надоместоци или нехормонско, кога се користат лекови за спречување на прекумерното мочање.