Примарни тумори на ЦНС и класификација Печати

Примарни тумори на ЦНС

Мозочните тумори претставуваа околу 4% од сите тумори кои се јавуваат во човечкиот организам, а овој процент, според некои автори е значително поголем и се движи во границите од 9-10%.

Статистички, туморите на мозокот се јавуваат годишно во просек 1 на 10.000 жители.

Во општата смртност на населението, туморите на мозокот како примарна причина за смрт учествуваат со 1,5 %.

Туморите на мозокот може да се јават во секоја возраст. Најчесто се јавуваат на во активната возраст меѓу 20-55 година од животот. Повеќе од 65% од сите видови тумори на мозокот се појавуваат во оваа возраст.

13 % од туморите на мозокот се сретнуваат кај деца до 13 години, а само 1,5 % кај стари лица над 65 години.

Класификација на туморите на ЦНС

Туморите на мозокот може да се класифицираат според различни критериуми.

Најпрво класификацијата на туморите на мозокот е извршена според начинот на кој настануваат. Најголемиот дел од мозочните тумори се примарни ендокранијални тумори, секундарни (метастатски) тумори или тумори навлезени однадвор во еднокраниумот.

Како следен критериум за класификација на туморите на мозокот се зема нивното потекло, врз основа на кое примарните ендокранијални тумори потекнуваат:

  • од самото мозочно ткиво,
  • од крвните садови на мозокот,
  • од мозочните обвивки,
  • од жлездите придодадени на мозокот,
  • од ембрионите остатоци во ендокраниумот, односно во самиот мозок.

Нова класификација, која се смета за потполна и ја дале Расел и Рубинштајн, а која ја надополнува претходната е онаа според која се вели дека туморите потекнуваат:

  • конгенитално (кои настануваат со пореметување на развојот)
  • тумори на мозочните обвивики
  • тумори на ретикуларното ткиво
  • примарни тумори на неуроектодермално потекло каде спаѓаат:
    • глиоми, астроцитоми, спонгиобластоми, олигодендроглиоми, глиобластома мултиформе
    • тумори на хипофиза
      пинеобластом и пинеоцитом (пинеаломи)
    • тумори на ганглиски клетки
      медулобластом, медулоепителиом, невробластом, ганглио нервон и ганглиоглиом
  • тумори на ретина
  • тумори на оптичкиот (очниот) нерв
  • тумори на неурохипофизата
  • секундарни тумори на ЦНС
  • тумори на нервни корени и периферни нерви
  • периферни тумори на ганглиските клетки

Одредени видови тумори се јавуваат во определени возрасти. Така, на пример, медулобластомите се јавуваат по правило кај децата, олигодендроглиомоте во адолесцентната возраст, менингеомите во зрелата возраст, додека глиобластомите се јавуваат кај лица со понапредната возраст.

Во општата инциденца на мозочните тумори нема разлика меѓу половите. Сепак, некои тумори, на пример менингеомите почесто се јавуваат кај жените, додека глиобластомите почесто се јавуваат кај мажите.