Следење по третман Печати

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот.

Нефробластомот бара долгогодишно следење (follow-up). За жал, тој може да се јави повторно, по неговото успешно излекување.. Затоа, пациентите кои биле успешно излекувани од нефробластом, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот. Успешното следење на болните се остварува само со соработка од страна на пациентот. За таа цел, родителите на детето треба да бидат доволно здравствено едуцирани и запознаени со болеста на нивното дете, со нејзиниот тек и со можноста од повторување на болеста, и по нејзиното комплетно излекување. Рецидивите може успешно да се лекуваат доколку се откријат на време.

Следењето на пациентите се спроведува во одредени временски интервали од 4 до 6 месеци во тек на првите две години по завршувањето на третманот.

Контролното следење се состои од:

  • рендгенграфија на белите дробови,
  • ехотомографски преглед на абдоменпт,
  • комплетна лабораториска анализа на крвта и мочката.

Врз основа на стадиумот на болеста, хистопатолошкиот тип на туморот, како и другите прогностички фактори на болеста, лекарот прави проценка кај секој пациент за неговото понатамошно следење.