Раст и ширење на нефробластомот Печати

Нефробластомот се карактеризира со локален раст и ширење во околните структури. За време на поставувањето на дијагнозата, кај 80% од случаите е присутна зафатеност на бубрежното ткиво (паренхим) и перинефритичното ткиво.

Во 30% од случаите, за време на првичната дијагноза, постои метастаска зафатеност на регионалните лимфни јазли.

Продорот на малигните клетки во крвните садови и крвта доведува до појава на метастази во далечните ткива и органи. Најчести се метастазите во белите дробови. Така, 30% од пациентите со нефробластом имаат присутни белодробни метастази уште за време на првичната дијагноза на болеста.

Исто така чести се и метастазите во црниот дроб.