Градус и стадиуми Печати

Стадиуми

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност.

Од стадиумот на болеста зависи кој третманот ќе се примени.

Третманот се планира индивидуално за секој пациент, во зависност, пред сé, од стадиумот на болеста, од степенот на диференцираноста на туморот (градус, G), од хистопатолошкиот тип на туморот, но и во зависност од возраста на пациентот, неговата општа состојба, како и од други фактори.

Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија, кај секој пациент одделно.

Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Ревидирана класификација на NWTSG (NATIONAL WILMS TUMOR STUDY GROUP)

Стадиум I

Туморот е ограничен на бубрегот (бубрежната капсула не е зафатена и не е руптурирана за време на зафатот) и тој може хируршки целосно да се отстрани.

Стадиум II

Туморот се шири надвор од бубрегот, но може да се компетно макроскопски и микроскопски отстрани. Во овој стадиум постои зафатеност на бубрежната капсула и перинефритичното (околу бубрегот) ткиво, а може да се инфилтрирани и крвните садови вон бубрегот.

Стадиум III

Постои туморска инвазија на околното ткиво (присутни метастатски регионални лимфни јазли или метастази во перитонеумот). Хируршкото отстранување не е комплетно.

Стадиум IV

Присутни се хематоогени метастази (најчесто во белите дробови).

Стадиум V

Постоење на билатерален нефробластом.