Сочувајте ги вашите бели дробови Печати

Нашите бели дробови се, покрај кожата, единствен орган кој е директно изложен на штетното влијание на надворешната средина. За да ги сочуваме нашите бели дробови треба да дишеме низ нос, да се пазиме од инфекции и секако, да дишеме чист воздух.

Воздухот е смеса од гасови. Тој се сосотои од приближно 80% азот, 20% кислорот и многу мали количини на други гасови: јаглероден диоксид, водород, озон, водена пареа и честитички на нечистотија. Проблемите настануваат кога овој однос ќе се поремети.

Загадениот воздух влијае на различни начини на здравјето на луѓето. Главни извори на загадување на воздухот се индустријата и сообраќајот. Во услови на големо аерозагадување доаѓа до слабост на слузницата на дишните патишта. Таа станува помалку отпорна на бактериските и вирусните инфекции. Ова е и причина за честите појави на бронхитис кај децата и возрасните.

Друга многу важна појава е бронхијалната астма, која се јавува како алергиски одговор на белите дробови на сите штетни надворешни фактори. Организмот реагира со создавање на мукозни наслаги, со грчеви на дишните патишта и со отежнато дишење.

Тивки загадувачи

Со изложување на средства за чистење, на пестициди и на други органски соединенија може да се предизвика мачнина и крварење од носот. Тешките метали во атмосферата, како што се оловната или живината пареа, можат да делуваат на системот за варење и да предизвикаат грчеви, замор на мускулите, слабост, губиток на слух, промени на личноста.

Биолошките загадувачи, како што се животинските влакна може, исто така, да помогнат во ширењето на инфекциите. Тие може да бидат и причина за стегање во градите, упорно кашлање и ринитис (воспаление на носната случница).

Секоја настинка или воспаление на органите за дишење предизвикува оток на слузницата и зголемено лачење на секрет. Ова доведува до пореметена функција на органите за дишење. Отежнатото дишење е посебно изразена кај лица кои боледуваат од астма и хроничен бронхит. Во дишните патишта на овие пациенти се ствара поголема количина на густ, леплив секрет. Само астматичарите знаат колку напор е потребен да се исфрли мала количина на слуз. Оваа голема количина на насобрана слуз во дишните патишта е добра средина за размножување на бактериите. Алвеолите, местото каде треба да се направи размената на гасови, исто така, се полнат со секрет и ја пореметуваат оваа најважна функција на белите дробови.

Влијанието на дишењето на мозокот

За да секоја клетка на нашиот организам правилно функционира, а со тоа и секој орган правилно да ја извршува својата функција, неопходен е кислород. Кислородот до клетките доаѓа од воздухот, кој минува низ дишните патишта. Размената на кислородот и јаглеродниот диоксид се одвива само во алвеолите. Оваа важна функција на белите дробови се одвива на следниот начин: воздухот кој го вдишуваме прво се прочистува во носот. Во носната слузница се задржуваат честичките на прашина и чад, воздухот се загрева и се влажни. Таквиот воздух нема да и наштети на слузницата на грлото, на гласните жици и бронхите. Во слузницата на бронхиите се наоѓаат клетки кои имаат трепки. Тие, како и влакненцата во носот, го прочистуваат воздухот кој го вдишуваме. Со своето движење, овие трепки ја потиснуваат слузта и честичките прашина од подолните паритии на дишните патишта кон погорните, пошироките и се исфрлаат од белите дробови.

Многу малку се знае за влијанието на загадениот воздух на мозокот. На Харвард е направен еден експеримент. Резултатите од експериментот покажале дека децата кои живеат во делови од градот во кои е густ сообраќајот, имаат полоши резултати на тестовите за интелигенција и памтење, од децата кои вдишуваат чист воздух и кои живеат во поздрави средини, без многу сообраќај.