Предавањe на САМОСВЕСТ по повод Декември - месецот на здрава исхрана Печати

НВО САМОСВЕСТ по повод - Декември – месецот на здравата исхрана на 17 декември во 19.30h ќе одржи интерактивно едукативно предавање за Принципите на здравата исхрана. Предавањето ќе се одржи во просториите на САМОСВЕСТ на ул.„Хелсинки 22“ во населбата Тафталиџе. Цената за присуство е 250 денари.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на предавањето треба да уплатат 250 ден. на сметката: Здружение на граѓани - Центар за здрав живот „САМОСВЕСТ“ Жиро сметка: 300000002997045.

Собраните средства ќе се искористат финасиски да се потпомогне работата на порталот www.rak.mk .

За повеќе информации - контакт телефон 070 615 470 (САМОСВЕСТ)