Практикувајте јога – позитивни ефекти од јогата Печати

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав кој ги обединува физичките вежби, техниките на дишење и медитацијата.

Изразот јога е составен од два збора на стариот индиски јазик, санскрит: yuj - што значи „соединување“ и ghan што се преведува како „надополнување“ (комплетирање). Основната цел на јогата е да ги спои душата, психата и телото во хармонија.

Јогата е погодна за сите луѓе, без оглед на возраста и моменталната психофизичка кондиција. Иако постојат многу различни видови и техники на јога, во западниот стил на живеење најчесто се применува Hatha јога.

Јогата е вештина на постигнување на равнотежа помеѓу духот и телото. Со целосно совладување на оваа техника на медитација се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува смирен и витален.

Јогата, која е позната уште од дамнесни времиња и ги надживеала многуте форми на рекреација, е се популарна, па скоро и да нема fitness центар или wellness центар кој не нуди некој од нејзините многубројни видови и техники.

Јогата релаксира и дава енергија, го намалува или отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот, вратот, ја намалува болката и ги отстранува пореметувањата во спиењето (пример несоницата).

Но, јогата е многу повеќе од само средство за одржување на психофизичка кондиција со физички вежби и вежби на дишење и опуштање. Таа учи како да се почитува и сака сопственото тело и дух и овозможува повторен контакт со самиот себе.

Позитивни ефекти од јогата

Позитивните ефекти од јогата навистина се бројни, а повеќето од нив се и научно потврдени. Таа го отстранува стресот, ја намалува болката, ги релаксира мускулите и зглобовите, го подобрува сонот и доведува до внатрешен мир и задоволство. Таа му дава енергија на телото, го јакне духот и психата, ја зголемува самодовербата и ја развива самосвеста. Јогата го јакне рбетот, мускулите, зглобовите и доведува до подобра еластичност и гипкост на телото.

Јогата влијае и на внатрешните органи подобрувајќи ја нивната функција, а посебно нивната прокрвеност. Таа го нормализира крвотокот и работата на срцето, го зајакнува и смирува нервниот систем, го забрзува елиминирањето на отровите од телото и го зајакнува имунолошкиот систем. Јогата ја подобрува и концентрацијата, памтењето и ги отстранува негативните мисли. Техниките на дишењето се многу важни при практикувањето на јогата. Кога ќе се совлада правилната техника на дишењето, дишењето само по себе станува правилно, па наместо плитко и забрзано дишење, човекот кој практикува јога, почнува да дише побавно и подлабоко, со што се овозможува подобра снабденост со кислород во целиот организам. Кожата станува свежа и еластична.

Вежбите поволно влијаат и на системот за варење и помагаат при различни пореметувања, како што се гастритис и запек.

При јога вежбите се трошат калории, се норамизира гладта и потребата за прекумерно внесување на храна, а со тоа се намалува и прекумерната тежина.

Иако јогата е наменета за сите, сепак посебно се препорачува кај лица со хроничен стрес и други психички пореметувања, со хронична болка, пореметувања на дишењето, на системот на варење и при висок крвен притисок.