Како да се преживее мозочниот удар! Печати

Научите ги знаците кои упатуваат на мозочен удар. Научите ги и спасете нечиј живот.

Мозочниот удар е трета причина за смртност во земјите на западна Европа. Мозочниот удар е рапиден губиток на мозочната функција поради пореметување на дотокот на крв во мозокот. Може да настане поради исхемија (недостаток на протокот на крв) предизвикана од блокада (тромбоза, артериска емболија), или поради крварење (истекување на крвта).

Исхемичниот мозочен удар настанува поради прекин во снабдувањето со крв на дел од мозокот, што покренува исхемичена каскада. Мозочното ткиво престанува да функционира ако дотокот на кислород трае повеќе од 60-90 секунди, а по отптилика три часа доаѓа до неповратни оштетувања кои доведуваат до смрт на ткивото, т.е. до мозочен удар.

Хеморагичниот мозочен удар е предизвикан од крварење, па често се нарекува „излив на крв во мозокот“ или церебрална хеморагија. Тоа се случува кога прснува анеуризма во мозокот, или кога ослабен или воспален крвен сад во мозокот почнува да крвари. Со акумулирањето на крвта во мозокот се зголемува притисокот, кои може да го убијат мозочното ткиво или да ги уништат мозочните клетките нарушувајќи го нормалниот протокот на крвта низ погодената област. Овој тип на мозочен удар е фатален во 80 % од случаите.

Симптоми на мозочниот удар

Вообичаените симптоми на мозочниот удар ги вклучуваат:

  • Ненадејна отрпнатост или слабост на лицето, рацете или нозете - поготово само на едната страна од телото.
  • Нагла појава на збунетост (конфузност)
  • Потешкотии со говорот или разбирање на говорот на другите
  • Ненадејна проблеми со видот на едното или на двете очи
  • Нагла вртоглавица, губење на рамнотежата или на координацијата
  • Ненадејна јака главоболка

Ако се сомневате за мозочен удар, проценете ги симптомите на следниот начин.

  1. Замолете го лицето да се насмее. Дали се мускулите на едната страна на лицето се толку опуштени да висат?
  2. Замолете го лицето да ги подигне двете раце на напред, пред себе. Може ли двете раце подеднакво високо да ги подигне истовремено?
  3. Замолете го лицето да се каже едноставна реченица. Обрнете внимание на тоа како говори и дали е говорот разбирлив или само неразбирливо мрморење.

Ако вашите сомневања се потврдиле, веднаш повикајте итна помош. Немојте да чекате, бидејќи колку повеќе време ќе помине, толку повеќе мозокот ќе претрпи повеќе штета.

„Ако имате избор, причекајте ја итната помош, немојте сами да го возите пациентот во болница. Пациентите кои ги пренесува итна помош, може да добијат помош уште пред да пристигнат до болницата. Запамтите кога се јавиле симптомите и известете го персоналот на итната помош за тоа. Постојат временски периоди во кои некои лекови се бескорисни. Исто така, не му давајте аспирин на пациентот.

Мозочен удар се случува во мозокот, а не во срцето. Не можете да знаете каков вид на мозочен удар доживува лицето. Ако е хеморагичен мозочен удар, аспиринот само ќе го влоши крварењето! ", предупредува лекарот Dr. Larry Goldstein, портпарол на Американската асоцијација за мозочен удар.

Како може да влијаеме на својот ризик од мозочен удар?

Ако сакате да го намалите својот ризик од мозочен удар, престанете да пушите, одржувајте го крвниот притисок во границите на нормалните вредности, спречите или контролирајте го дијабетот (доколку ја имате оваа болест), намалете го нивото на холестеролот во крвта, бидете физички активни и одржувајте нормална, оптимална телесна тежина.