САМОСВЕСТ:Стручни консултации за малигните заболувања Печати

Ве известуваме дека во просториите на Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ имате можност за стручна консултација за малигните заболувања: совети за правилна и здрава исхрана, здрави животни навики, одговор на многу прашања кои ве загрижуваат, стручно мислење за одредено малигно заболување, можност за второ стучно мислење и едноставно за се она што ве мачи и што можеби е поврзано со малигните заболувања.

Секако и пациентите кои се заболени од некој вид на рак и имаат потреба од консултација или одговор на некои нивни прашања, па дури и совет за исхрана или воопшто за терапијата, може да се јават и да закажат термин на нашиот телефон.

Консултациите се закажуваат на телефонот на САМОСВЕСТ - 070 615 470

Секоја стручна консултација од специјалистот радиотерапевт и онколог чини 800 денари, кои се донација за новиот проект на САМОСВЕСТ.

Со почит.

Др. Лилјана Ацева–Андонова, специјалист радиотерапевт и онколог при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје, председател на САМОСВЕСТ и основач и главен уредник на интернет порталот www.rak.mk.