Невропатска болка предивикана од карцином Печати

Невропатската болка е предизвикана од оштетување на нервниот систем, било како резултат на туморската компресија на нервите или рбетниот мозок, или поради инфилтација на нервите или рбетниот мозок од страна на туморот. Исто така, невропатската болка може да се јави како последица на хемиското оштетување на нервниот систем, кое може да биде последица од третманот на карциномот (хемотерапија, радиотерапија, хирургија).

Невропатската болка е многу јака и по својот карактер обично е во вид на жарење, прободи, трнење, штипење, а понекогаш може да биде предизвикана и само од лесен допир.

Туморите кои лежат и притискаат на нервните структури се смета дека се причина за изразито јаката болка кај пациентите со карцином. Невропатската болка во однос на локализацијата е т.н.пренесена болка, бидејќи причината за болката е на друго место од местото каде се чувствува болката.

Заклучок:
  • Неуропатската болка е последица на компресија или директна инфилтрација на периферните нерви со туморот.
  • Може да ја предизвика применетата онколошка терапија (хемотерапијата, радиотерапијата или хируршкиот третман).
  • По својот карактер таа е жаречка, пробива болка.