Пет знаци на гинеколошките карциноми кои жените ги игнорираат! Печати

Повеќето жени не знаат кои се знаците на гинеколошките карциноми, а особено не обрнуваат внимание на знаците кои не се поврзани со репродуктивните органи, како што се болките во грбот и почестото мокрење, покажале резултатите од најновото истражување.

Постојат 5 главни гинеколошки карциноми:

Затоа, нивното рано откривање зависи од тоа колку жените ги знаат и препознаваат симптомите и знаците на овие малигни заболувања и на време закажуваат лекарски преглед.

„Нашите резултати покажаа дека постои голема потреба од подобра информираност и едукација на жените за симптомите на гинеколошките карциноми. Со нивна подобра информираност тие ќе можат порано да побараат лекарска помош“, изјавила Dr. Cynthia Gelb, специјалист за здравствена комуникација во Центарот за контрола и превенција на болестите.

„Многу симптоми кои спаѓаат во симптомите на ракот можат да бидат вообичаени и за бенигните состојби. Поради тоа не смее да постои вознемиреност и страв. Единствен начин да дознаеме што навистина ги предизвикува симптомите е да отидеме на лекар“, вели Dr. Gelb.

Во 2013. година во САД ќе бидат дијагностицирани повеќе од 90.000 случаи на гинеколошки карциноми, при што повеќе од половина ќе бидат случаи на рак на грлото на матката, според проценките на Националниот институт за рак. Околу 30 000 жени ќе умрат како последица од овие видови на карциноми во оваа година. Најсмртоносниот од сите гинеколошки карциноми е ракот на јајчникот, кој ќе предизвика околу половина од смртните случаи.

Во текот на студијата, истражувачите испитувале 132 жени на возраст од 40 до 60 години. На секоја од испитаничките и била дадена листа од осум симптоми на гинеколошките карциноми, при што не се користел зборот „симптом“.

Секоја испитаника означувала кој симптом најмногу би ја загрижил, а групите потоа дискутирале за тоа што би можел да предизвика секој од симптомите. Симптоми кои повеќето жени најмогу ги загрижувале биле: невообичаено вагинално крварење или исцедок.

Пет симптоми, кои многу мал број на жени ги идентификувале како потенцијални симптоми на ракот се: вагинално чешање или чувство на печење, болка во грбот или абдоминална болка, постојан замор, често мокрење и надуеност.

Сите овие симптоми, како и многу други, не може секогаш да се сметаат за алармантни, бидејќи се вообичаени и не се сметаат за потенцијални знаци на сериозна болест. Клучно за препознавањето на таквите симптоми е жените да знаат што е нормално за нив, а кога симптомите се невообичаени и се причина за посета на лекар“, изјавиле научниците.