Што е секундарна превенција на малигните заболувања и како се спроведува? Печати

Постои примарна и секундарна превенција на малигните заболувања.

 

Примарната превенција се спроведува со чекори кои се превземаат за да се избегнат факторите на ризик, кои може да предизвикаат малигни заболувања.

Секундарната превенција се спроведува со чекори кои се превземаат со цел да се открие ракот во неговите најрани стадиуми, уште пред да се јават почетните симптоми и знаци на болеста.

Секундарна превенција на малигните заболувања

Ракот може да се развие во секое ткиво и орган и на секоја возраст. Повеќето карциноми откриени во раниот стадиум на болеста се потенцијално излечиви. Оттука произлегува и потребата за нивно рано откривање. Во таа смисла се спроведуваат т.н. скрининг – програми. Целта на овие скрининг–програми е болеста да се открие рано, по можност во нејзиниот претклинички стадиум, со што значително се зголемува и шансата за нејзино излекување.

Скринингот е оправдан кога:

  • болеста е честа,
  • болеста е во биолошки развиток, кој се карактеризира со тивка претклиничка фаза и со влошување на прогнозата со продолжувањето на времето и зголемувањето на стадиумот,
  • ако има ефикасна метода за рано откривање, која е со разумна висока специфичност и сензитивност,
  • кога за болеста има ефикасен третман во раните стадиуми а болеста, кој ќе резултира со подобрено шреживување.

Целта на скринингот и раната дијагноза е:

  • намалување на морталитетот,
  • овозможување на помалку радикална терапија,
  • намалување на цената на лекувањето.

Скрининг–процедурите, за кои деинитивно е докажано дека го намалуваат морталитетот, се:

  • брис по Papanikolau (ПАПА – тест), за рак на грлото на матката,
  • самопреглед на дојката и скрининг – мамографијата за рак на дојка (ја намалуваат смртноста од ракот на дојка за 30%).

ПАПА тест како скрининг метода за рано откривање на рак на грло на матка

Со откривањето на ПАПА тестот направен е голем напредок во раното дијагностицирање на преканцерозните состојби и на ракот на грлото на матката. Редовните брисеви се најефикасен начин за рано откривање на абнормалностите на клетките на грлото на матката, кои можат да бидат прв знак на карциномот. Брисот нема да ја певенира инекцијата со вирусите, но ќе помогне во раното препознавање на знаците на болеста. Тоа овозможува лекувањето да започне брзо и успешно. Многу животи се спасени благодарение на тоа што е болеста „фатена“ во раната фаза, а како резултат на скрининг ПАПА тестот.

Доколку жените одат на редовни рутински гинеколошки прегледи и ПАПА тест, повеќето преканцерозни промени рано се откриваат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином. На тој начин може да се превенираат повеќето инвазивни карциноми. Секој инвазивен карцином кој веќе се развил, многу е веројатно дека со овие скрининг тестови ќе се открие во раните стадиуми, кога е и можно комплетно излекување.

ПАПА тестот е едноставен и безболен тест.

Абнормални резултати добиени од ПАПА тестот често пати се прв знак за присуство на инфекција, воспаление или рак на грлото на матката. Ако се добијат абнормални резултати на ПАПА тестот, неопходно е да се изведат дополнителни тестови и испитувања за да се утврди дали навистина станува збор за преканцерозна состојба (постои само ризик за рак) или пак веќе станува збор за вистински рак на маткиното грло.

Тестот прв го развил Dr. George Papanicolau пред повеќе од 60 години и денес, сеуште, претставува многу ефикасен тест за рано откривање на преканцерозните промени и карциномот на грлото на матката.

Денес ПАПА тестот рутински се изведува во склоп на гинеколошкиот преглед на жената.

Според препораките на Американската асоцијација за рак првиот ПАПА тест треба да се спроведе кај секоја жена, 3 години по нејзиното прво сексуално искуство или штом наполни 21 година, без разлика на тоа дали дотогаш имала или не сексуално искуство.

По 21 година од животот, се препорачува ПАПА тестовите да се изведуваат според следниот распоред:

  • Пациентки од 21 до 29 години: Еднаш годишно тестирање со ПАПА тест.
  • Пациентки од 30 до 69 години: Ако на три последователни ПАПА тестови се добијат нормални резултати, тестот може да се изведува по еднаш на секои две или три години.
  • Пациентки од 70 години или повеќе: Ако ПАПА тестовите покажале нормални резултати во последните 10 години и ако последните три последователни тестови биле нормални, може да се прекине со ПАПА тестирање во иднина.

ПАПА тестот е безболен, иако некои жени даваат податок дека почувствувале слаба нелагодност за време на процедурата.

Самопреглед и мамографија за рано откривање на рак на дојка

Со скрининг прегледи се прегледуваат здрави жени, кај кои не постојат никакви знаци на болест. Овие прегледи се прават со цел да се постави рана дијагноза на ракот на дојката, со што се постигнува и успешно лекување.

За таа цел се прават скрининзи по пат на клинички преглед, мамографија, ехотомографски преглед на дојките. Овие скрининг процедури се едноставни, лесно прифатливи за пациентот и се многу корисни за рана дијагноза.

Посебно редовен скрининг треба да се спроведува кај жени кои имаат еден или повеќе фактори на ризик да заболат од рак на дојка. Редовни скрининг прегледи треба да се спроведуваат посебно кај ризичната група т.е. кај жените од 4-та до 6- та деценија од животот.

Препорака за рано откривање на ракот на дојката според American Collage of Radiology and The National Cancer Institut (Gerald, 1989):

  • Самопреглед на дојките еднаш месечно, најдобро по 10-15 дена од почетокот на менструалниот циклус, почнувајќи веќе од 20 годишна возраст.
  • Клинички преглед на дојките на секои три години кај жени од 20 до 40 годишна возраст. Кај жени над 40 годишна возраст, посебно кај оние со висок ризик за појава на рак на дојка, се препорачува клинички преглед еднаш годишно.
  • Скрининг мамографија - за рано откривање на ракот на дојката кај асимптоматските пациенти. Таа се прави меѓу 35 и 39 години. Жените меѓу 40 и 49 години би требало да прават мамографија еднаш годишно или на 2 години, во зависност од физикалниот преглед и претходниот мамографски наод. Жените после 50-тата година треба да прават мамографија еднаш годишно.
  • Биопсија, во случај на откривање на тврдина во дојката при клинички преглед или при мамографски докажан тумор во дојката.

Колоректален тест за рано откивање на рак на дебело црево и ректум

Американското здружение за канцер препорачува 3 теста за рано откривање на ракот на дебелото и задно црево (колоректален канцер) кај луѓе без симптоми. Тоа препорачува:

  • ректален дигитален преглед (анален преглед) еднаш годишно, по 40-тата година од животот,
  • преглед на изметот за микроскопско (окултно) крварење еднаш годишно, по 50-тата година од животот.