Уживајте на море, но пазете ги очите Печати

На плажа, во море или во сенка, очите бараат да им се посвети посебна грижа. Морската сол, ветрот, сончевата светлина, топлината и песокот може да предизвикаат печење, црвенило и бројни други пречки, кои со малку напор може лесно да се избегнат.

Маски и очила

Постојат два начина за да се избегне иритацијата на очите: да ги затвориме очите додека пливаме, или уште подобро, да ги заштитиме очите со очила за пливање или со маска за нуркање. Очилата или маската се задолжителни при пливањето, особено за лицата кои носат контактни леќи од било кој вид.

Кожата околу очите

Солта од морската вода ја иритира и чувствителната кожа околу очите. Солта прекумерно ја суши кожата, чија чувствителност е зголемена од делувањето на сонцето до таа мерка што може да се појават и ранички. Решението е едноставно: Измијте го лицето со чиста вода веднаш по капењето. Најдобро е да се истуширате веднаш после капењето, со што од кожата ќе се одстрани солта. Секако, после секое капење и туширање треба да нанесете крема за сончање со заштитен фактор.

Црвенило

Поради солта, ветерот и песокот, на море и најотпорното око лесно се зацрвенува.

Најчесто станува збор за благо надразнување, кое спонтано престанува без примена на некои посебни лекови. Во некои случаи, сепак, очите може да претрпат и посериозни последици. Најчест е конјунктивитисот, кога покрај црвенило се јавува и прекумерно солзење и појава на жолтеникав секрет. Лекувањето се спроведува со антибиотски капки и масти, но сепак дијагнозата и лекувањето треба да му се довери на лекарот специјалист – офталмолог.

Пациентите со трансплантирано срце имаат поголем ризик за развој на рак на кожа, покажале резултатите од најновото американско истражување.