Вистини и Заблуди за хепатитот Ц Печати

Заблуда:
Ако е хепатитот Ц навистина штетен за моето здравје, би почувствувал/а симптоми.

Вистина:
Симптомите на хепатитот Ц се многу благи или воопшто ги нема кај околу 80% од луѓето кои го имаат. И покрај тоа што нема симптоми, може да постои оштетување на црниот дроб.

Заблуда:
Ако имам хепатит Ц би знаел/а како сум го добил/а. Само луѓето кои имаат историја на ризично однесување треба да се тестираат.

Вистина:
30% од луѓето со хепатит Ц не знаат како го добиле. Треба да се овозможи тестирање на секој кој сака тоа да го направи.

Заблуда:
Бидејќи хепатитот Ц е хронична, долготрајна болест, терапијата ќе биде исто така ефикасна ако ја одложам за подоцна.

Вистина:
Пациентите кои порано започнуваат со терапија, даваат подобар одговор на истата.

Заблуда:
Хепатитот Ц не е така чест како ХИВ.

Вистина:
Сега во некои земји, хепатитот Ц е многу почест од ХИВ.

Заблуда:
Само луѓе кои долго време се дрогираат имаат висок ризик од хепатит Ц.

Вистина:
Земање на дрога, дури и само неколку пати, и пред многу години е, исто така, голем ризик за добивање на хепатит Ц.

Заблуда:
Несаканите ефекти од терапијата секогаш се потешки од самата болест.

Вистина:
Иако несаканите ефекти можат да бидат многу тешки, многу пациенти ги сметаат за неподносливи. Но, исто така, несаканите ефекти од терапијата не се јавуваат и кај сите пациенти.

Заблуда:
Интравенскиот интерферон мора да се зема 3 пати неделно.

Вистина:
Интравенскиот интерферон, како стандардна терапија се зема еднаш неделно.

Заблуда:
Само околу 40% од пациентите имаат позитивен одговор од применетата терапија.

Вистина:
Позитивниот одговор од терапија е многу подобар за некои типови на пациенти. Дури и ако терапијата не доведе до потполно уништување и елиминирање на вирусот од организмот, таа може да доведе до намалување на воспалението и да ја подобри состојбата и функцијата на црниот дроб.

Заблуда:
Ако се ензимите на црниот дроб нормални, болеста е под контрола

Вистина:
Иако ензимите на црниот дроб често се тестираат и можат да бидат корисни во многу ситуации, не е доволно само испитувањето на нивото на ензимите на црниот дроб, т.е. тоа не е најпрецизна и единствена метода со која може да се одреди напредувањето на болеста.

Заблуда:
Терапијата не е ефикасна кај пациенти од афро-американско потекло.

Вистина:
Новите терапии покажале охрабрувачки стапки на одговор кај овие пациенти.

Заблуда:
Ако е нивото на вирусот на хепатитот Ц во крвта ниско, болеста не е толку сериозна.

Вистина:
Количината на вирусите, сама по себе, не дава јасна слика за проширеноста на болеста и за здравјето на црниот дроб.