Генитален херпес (инфекција со Херпес Симплек вируси - ХСВ тип 1 и ХСВ тип 2) Печати

Генитален херпес е инфекција која ја предизвикува херпес симплекс вирусот (herpes simplex virus – HSV). Оваа инфекција спаѓа во најраспространетите сексуално преносливи болести во светот.

Херпес симплекс вирус (ХСВ)

Постојат два типа на ХСВ вируси: ХСВ тип 1 и ХСВ тип 2. И двата типа на херпес вируси можат да предизвикаат генитален херпес.

ХСВ тип 1 вирусот воглавно предизвикува орален херпес, но, исто така, може да предизвика и генитален херпес. При оралниот херпес, обично се зафатени усните, каде се јавуваат промени во форма на меурчиња, а покасно и ранички.

ХСВ тип 2 вирусот е вообичаен причинител на генителниот херпес, но исто така може да го зафати и пределот на устата во тек на орален секс. Лицето кое има генитален херпес лесно може да го пренесе вирусот на друго лице во текот на половиот однос.

Причинител на гениталниот херпес е во 90% од случаите ХСВ тип 2 вирусот, кој е сроден вирус со ХСВ тип 1 вирусот, кој предизвикува, пред сè, херпес на усните (herpes labialis) или т.н. грозница на усните. Но, во 10% од случаите, ХСВ тип 1 вирусот е причинител на гениталниот херпес.

Поради серолошката сличност помеѓу овие два вируса, интензитетот на симптомите и тежината на инфекцијата зависат од присуството и нивото на антителата против оралниот тип на вирус, за време на инфекцијата со гениталниот тип на вирус.

Се смета дека околу 90% од возрасните имат присутни антитела против оралниот херпес вирус (ХСВ тип 1), додека околу 30% од возрасните се инфицирани со ХСВ тип 2 вирусот (најчест причинител на гениталниот херпес). Но, само кај половина од овие лица, од време на време, се јавуваат симптоми на болеста. Времето на инкуацијата е обично од3 до8 дена, ретко подолго од 14 дена.

По првото избивање на болеста (примарна ифекција со ХСВ вирусот), вирусот се сместува во нервните ганглии на долниот дел на `рбетниот столб, каде може да остане скриен повеќе месеци, па дури и повеќе години. Честа е појавата на рецидиви на болеста, односно повторно избивање на симптомите (секундарна инфекција со вирусот), а поради перинеуралното (по нервите) ширење на вирусот, болеста може да избие на повеќе места. Рецидивот е најчесто провоциран од јак стрес, но и од други емоционални состојби, како на пример депресија и други. Рецидивот може да биде провоциран и од физички напор, од јак замор и долготрајна несоница, од менструација, изложеност на сонце, пропратна настинка, ослабен имунитет.

И двата типа на херпес вируси можат да предизвикаат кожни промени во пределот на вагината, на пенисот, во пределот околу аналниот отвор, на задницата и на бедрата. Понекогаш кожните промени се јавуваат и на други делови од телото, каде вирусот преку оштетената кожа продрел во телото.

ХПВ вирусот останува во одделни нервни клетки во телото во текот на целиот живот, па кај некои заразени лица може да предизвикува повторувани инфекции (рецидиви на инфекцијата).