Како можеме да им помогнеме на оние кои сакаат да се откажат од пушење? Печати

Луѓето можат да се откажат од пушењето само доколку самите сакаат да го направат тоа, за себеси. Тие што пушат нема да бидат способни да прекинат, само затоа што вие сакате. Веројатно најлошата работа што можете да ја направите е да ги напаѓате. Тоа само ќе предизвика отпор од страна на пушачот, за да стане уште подетерминиран во поглед на пушењето.

Најважното што може да го направите за некој кој се обидува да се откаже од пушење е да му дадете подршка и охрабрување. Обидете се да го разберете ако е лошо расположен или се чувствува болно.

Моралната подршка е многу важна.