Кои се симптомите на апстиненцијалниот синдром по престанок на пушење и како да ги намалиме! Печати

Нормално е да по прекинувањето на пушењето извесно време се чувствуваме лошо, бидејќи нашиот организам пати поради зависноста од никотин. Организмот кој е навикнат на високи концентрации на хемиски супстанци во крвта, одеднаш останува без нив. Последица на тоа е чувствување на повеќе физички симптоми.

Се работи за еднаков тип на зависност, како што е зависноста од алкохол, или друг вид на зависност. Така, сите симптоми кој се јавуваат се во склоп на апстиненцијалниот синдром, кој нормално се јавува кај долгогодишните пушачи.

Може да се јави кашлица. Белите дробови се обидуваат да се ослободат од наслагите кои со години се наталожеле во дишните патишта.

Често се појавува затвор или пролив кои траат неколку дена, а може да се јават и други симптоми од страна на системот за варење

Може да се јави главоболка, нерасположение, чувство на вознемиреност, нервоза, замор, несвестица. Сепак, овие проблеми не се јавуваат кај секого, тие се привремени и брзо исчезнуваат.

Колку подолго организмот е без никотин, толку и симптомите на апстиненција ќе бидат се послабо изразени. Апстиненцијалните симптоми може да се олеснат со никотински гуми за жвакање или со никотински лепенки.

Многу пушачи, а посебно жените се плашат дека ако се откажат од пушењето ќе се здебелат. Сепак, не сите бивши пушачи се здебелуваат, а оние кои се здебелуваат, обично добиваат само неколку кила.

За да се спречи зголемувањето на телесната тежина важно е во периодот на откажувањето од цигари да се обрне поголемо внимание на правилната и здрава исхрана.

Здрава исхрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Здравата исхрана се базира на внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.

Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали кои се природни одбрамбени состојки против многу болести. Се препорачува да се јадат 5 порции од овошје и зеленчук дневно.

Здравата исхрана треба да се комбинира со редовна физичка активност!

Редовната физичка активност ја подобрува општата здравствена состојба, го зајакнува инуниот систем, но ја намалува и напнатоста и нервозата, која може да се јави во периодот на откажувањето од пушење.

Здравата исхрана и редовната физичка активност ќе допринесе да ви се подобри целокупното здравје.

Еве што ќе се случи во вашиот организам ако решите да се откажете од пушење!

  • По 20 минути вашиот крвен притисок ќе дојде во нормала.
  • По 8 часови нивото на јаглероден диоксид во крвта ќе се намали за половина, а нивото на кислородот ќе се врати во нормала.
  • По 48 часа целиот никотин ќе го напушти вашето тело. Вашиот осет за вкус и мирис ќе се врати во нормала.
  • По 72 часа вашите дишни патишта ќе се релаксираат и енергетските нивоа ќе се зголемат.
  • По 2 недели циркулацијата ќе се зголеми и ќе продолжи да расте во наредните 10 недели.
  • По 3-9 месеци кашлањето и искажлувањето ќе се смират, а капацитетот на вашите бели дробови ќе се зголеми за 10%.
  • По 1 година ризикот да добиете срцев напад ќе се намали за половина.
  • По 5 години ризикот да добиете срцев удар ќе се изедначи со оној на непушачите.
  • По 10 години ризикот да добиете рак на белите дробови ќе се изедначи со оној на непушачите.