Пиелографија Печати

[Радиографски испитувања]

Тоа е дијагностичка метода при која се прават повеќе серии на рендгенски филмови на целиот уринарен тракт. Оваа серија на рендгенски филмови се прави по вбризгување на специјален контраст во вена (интравенска пиелографија-ИВП) или по вбризгување на контраст во уретрата (ретроградна пиелографија).

Со ова метода се визуелизираат сите органи на уринарниот систем и може да се откријат одредени абнормалности. Таа може да покаже присуство на полипи долж уринарниот систем, да прикаже присуство на каменчиња во мочните патишта и мочниот меур, присуство на тумори, како и да ја покаже функцијата на бубрезите. Ова е корисна дијагностичка процедура во откривањето на туморите на мочните патишта и мочниот меур. Покрај тоа што помага во одредувањето на локализацијата и големината на примарниот тумор, оваа метода ја одредува и евентуалната зафатеност на уринарниот систем со директното ширење на примарниот тумор (локална проширеност на туморот).