Што е гастрографија? Печати

[Радиографски испитувања]

Тоа е рендгенско снимање на желудникот со користење на бариумска каша. Пациентот пие бариумска каша, а потоа се прави рендгенска снимка на која се гледа желудникот исполнет со контраст (бариумска каша).

Контрастното рентген снимање со бариумова каша на желудникот дава податоци за присуство на улкуси (чир), полипи, тумори и други абнормалности. Снимањето е безболно и не бара седација.

Примената на двоен контраст при рендгенграфското испитување е посупериорна метода во однос на користењето на едно контрастно сретство, иако ни оваа метода не ја зголемува можноста за откривање на раниот карцином.

Радиолошката дијагноза се поставува врз основа на постоењето на промени во структурата на желудникот. Тоа се, пред се, дефекти во полнењето, губење на моталитетот, односно растегливоста на желудникот, нарушување на релјефот на желудечната слузница, со или без улцерации.

Доколку при ова дијагностичка процедура се открие некоја абнормалност на желудникот, следи гастроскопија.

Гастроскопијата дава многу подобар, подетален увид во реалната состојба, особено за болести кои се во рана фаза и кои можат да не се видат на гастрографијата со бариумова каша.