ЕР и ПР статус и хормонска терапија Печати

Хормонот естроген може да го забрза растот на малигните клетки кај некои видови на рак на дојка. Во тој случај се применува хормонска терапија. Хормонска терапија подразбира примена на лекови или хируршки зафат со кои се оневозможува делувањето на естрогенот на малигните клетки.

Хормонската терапија е ефикасна само во случај на рак на дојка кој е:

  • ЕР-позитивен (позитивен на рецепторите на естроген),
  • ПР-позитивен (позитивен на рецепторите на прогестерон),
  • ЕР позитивен и ПР позитивен.

Хормонската терапија е ефикасна за жените во секоја возраст.

Постојат 4 вида на хормонска терапија:

  • СЕРМ-лекови (tamoksifen),
  • Инхибитори на ароматаза (АИ),
  • ЕРД-лекови (faslodex),
  • Отстранување или супресија на функцијата на јајниците.

СЕРМ-лекови (селективни модулатори на естрогените рецептори)

Овие лекови го блокираат ефектот на естрогенот, бидејќи се врзуваат за рецепторите за естрогенот на малигните клетки. Знаци, тамоксифенот се врзува за рецепторите, наместо естрогенот. Поради тоа е оневозможено врзувањето на естрогенот за туморските клетки, а со тоа е оневозможено пренесувањето на сигналите за нивното растење. СЕРМ-лековите се земаат еднаш дневно во форма на таблети.

Тамоксифен

Најчесто користен СТЕМ-лек е тамоксифен. Тој е меѓу првите СТЕМ- лекови и дава добри резултати. Тамоксифенот може да ја намали можноста за рецидив на болеста, го спречува ширењето, па дури и самиот развој на ракот на дојката. Тој се применува кај жени пред или после менопауза, кои имаат рак на дојка со позитивни хормонски рецептори.

Тамоксифен: Што може да се очекува при негова примена?

Терапијата со тамоксифенот трае 5 години, но неговите позитивни ефекти можат да траат и до десет години.

Некои од несаканите ефекти од примената на хормонотерапијата со тамоксифен се:

  • топлотни бранови,
  • сува вагина или вагинален исцедок,
  • нередовни менструални циклуси
  • катаракта (очно перде)

Посериозни, но поретки несакани ефекти се:

  • зголемен ризик од рак на еднометриумот (рак на телото на матката)
  • стварање на крвни тромби (тромбоемболија).

Инхибитори на ариматазата (АИ)

Овие лекови го намалуваат нивото на естроген кој се создава во организмот по менопаузата.

Постојат 3 лека – инхибитори на ароматазата:

  • Arimidex - хемиско име на лекот е anastrozol
  • Femara – хемиско име на лекот е letrozol
  • Aromasin - хемиско име на лекот е eksemestan

Инхибиторите на ароматаза се земаат еднаш дневно во форма на таблети. Се применуваат само кај жени кои се во менопауза и имаат рак на дојка со позитивни хормонски рецептори.

Сите инхибитори на ароматазата се ефикасни кај жени со напреднат или метастатски карцином на дојка.. Arimidex е корисен и во раниот стадиум на болеста.

Некои од можните несакани ефекти се следниве:

  • Мачнина, гадење и повраќање,
  • Запек или пролив,
  • Болка во стомакот,
  • Главоболки,
  • болки бо грбот,
  • болки во мускулите и зглобовите,
  • болки во грлото.
  • Топлотни бранови,

Во споредба со тамоксифенот, инхибиторите на ароматазата предизвикуваат поретко топлотни бранови и не го зголемуваат ризикот од рак на матката. Ризикот за појава на крвни тромби е, исто така, помал при примена на ароматаза инхибиторите, но поголем е ризикот од остеопороза.

ЕРД-лекови (регулатори на уништувањето на рецепторите на естрогенот)

Овие лекови ги блокираат и уништуваат ертрогените рецептори на малигните келтки. Рецепторите се места за прифаќање на естрогенот. Без тие рецептори, естрогенот не може да се брзе за малигните клетки и на таој начин тие не растат. Моментално постои само еден ЕРД лек, а тоа е Faslodex, или неговото хемиско име е fulvestrant.

Faslodex се користи кај жени кои:

  • Имаат тумор кој се проширил надвор од дојката,
  • Имаат тумор со позитивни хормонски рецептори,
  • Се во менопауза,
  • Примале некоја друга хормонска терапија, на која станале отпорни.

Faslodex се дава еднаш месечно во форма на инекција Несаканите ефекти се исти како и кај ароматаза инхибиторите.

Отстранување или супресија на функцијата на јајниците

Отстранувањето или супресијате на јајниците е многу ефикасен начин на намалувањето на нивото на естрогенот кај жените кои се во предменопауза.

Се спроведува во третманот на жени кои имаат рак на дојка кој е позитивен на хормонските рецептори.

Постојат три главни начини на кои може да се постигне ова:

  • Отстранување на јајниците (постапката се изведува со помош на мали резови на долниот дел на стомакот),
  • Зрачење на јајниците со озрачувањето на јајниците се прекинува и нивното стварање на естрогенот),
  • Примена на лекови (Zoladex е лек кој преку централниот нервен систем пренесува сигнал за престанок настварање на естроген во јајниците. Хемиското име на Zoladex е goserelin acetat.

Прекинувањето на произведувањето на естроген во јајниците може да биде еднакво ефикасно како и земањето на тамоксифен. Во некои случаи, комбинацијата на Zoladex и тамоксифен може дџа биде еднакво ефикасна како и хемотерапијата.

Супресијата на јајниците може да предизвика исти несакани ефекти како и менопаузата.

Некои од овие несакани ефекти се:

  • топлотни бранови,
  • сувост на вагината,
  • остеопороза.