Што е hirsuties papillaris genitalis? Печати

Здраво, сакам да знам што значи: hirsuties papillaris genitalis? Како прво дали се лечи и како?

Присуството на мали розевкасти меурчиња на пенисот се нарекува - Hirsuties papillaris genitali, а во англискиот јазик често се нарекуваат и „perly penile papules“, или скратено: PPP. Зошто се јавуваат папули на работ на главата на пенисот останува мала мистерија. Но, тие не значат присуство на инфекција, доколку навистина се работи за ова. Не наведувате дали оваа дијагноза ја поставил лекар, или вие претпоставувате дека се работи за Hirsuties papillaris genitali.

Ако станува збор за Hirsuties papillaris genitali, тоа е безопасна аномалија на кожата, која се јавува кај мал процент на мажи. На работ на главата на пенисот се јавуваат мали израстоци со розевкаста боја. Често се јавуваат кај мажите на возраст од 20 до 30 години. Обично се безболни и со старење постепено исчезнуваат и стануваат се помалку видливи. Често се среќаваат кај необрежани мажи. Од 8 – 48% мажи се сретнуваат со оваа појава, која варира во однос на бојата на кожата, регијата и обржаноста на мажите. Честотата на Hirsuties papillaris genitali е за 12 % помала кај обрежаните мажи.

Многу мажи поради присуството на овие мали меурчиња на пенисот се многу забрижени и исплашени. Многу мислат дека се работи за сексуално пренослива болест и дека таа може да се пренесе на сексуалниот партнер. Тоа не е вистина. Други пак се плашат дека станува збор за некоја форма на рак и дека меурчињата се почеток на тумор. И тој страв е неоправдан и неоснован. Меурчињата се толку природни колку и самата кожа. Папулите се појавуват на внатрешната страна на работ на главата на пенисот, но може понекогаш да се прошират и на самата глава на пенисот. Најголем проблем е што се прошируваат по главата на пенисот и што можат да предивикаат непријатно чувство и лесна болка. Од тие причини, некои мажи се одлучуваат на отстранување на меурчињата. Најчесто тоа отстранување се изведува ласерски. Ако вашите папули се навистина големи и ви предивикуваат потешкотии или едноставно сакате да ги отстраните, обратете се на дерматолог.

Др.Л.Ацева.