Бемка на стомакот Печати

Пред околу два месеца на мојот стомак забележав нов младеж односно бемка. Дијаметарот е некаде околу сантиметар (10 мм). Мазна е, кафеава, колку што можам да забележам со правилни рабови, и во средината има црни дамки една поголема друга помала. Да напомнам дека од раѓање на долниот дел од грбот имам младеж со елипсоидна форма широк 20-25 мм висок околу 10 мм, со темно кафеава до црна боја. Колкав е ризикот овие младежи да се развијат во рак на кожата и што да се превземе.

На нашиот портал има доста информации за меланомот, најопасниот карцином на кожата. Во делот кај ТУМОРИ, под КОЖА има за сè што те интересира за кожните карциноми и ризикот за настанување на меланом, од веќе постоечка бемка. За до го најдеш полесно, ти го испраќам линкот:

Тука имаш се за превенција и скрининг, за факторите на ризик за меланом.

Може бемките да преминат во меланом, затоа и се препорачува самопреглед на кожата, односно на постоечките бемки еднаш месечно. Доколку се примети некоја промена на веќе постоечката бемка, потребно е ведаш да се отиде на лекар.

Во твојот случај неможам ништо конкретно да ти кажам, бидејќи за тоа е потребен преглед. Затоа, доколку сметаш дека постоечките бемки растат, имаат неправилни ивици, или ја менуваат бојата, потребно е веднаш да се јавиш на преглед кај својот матичен лекар, кој, доколку е потребно ќе те препрати до лекар, специјалист.

Поздрав.

Д-р. Л.Ацева

специјалист радиотерапевт и онколог.