Болка во тестисот Печати
Веќе неколку дена со ред ме боли десното јајце. Не можам ни да го допрам. Кога е стегнато (потиснато) ме боли многу, а кога не го фаќам исто ме боли ама помалку. Болката веќе ми станува преокупација. Имам 15 години и ми е срам да и кажам на мајка ми. Ве молам кажете што може да биде, и како се лечи?

Болката во тестисот (јајце) е симптом кој може да се јави при неколку заболувања на урогениталниот систем, иако врз основа на твоето писмо, а без клинички преглед, неможе да се каже дали се работи за уролошко заболување или за нешто друго.

Можно е болката да е предизвикана од удар на тестисот, од носење на тесни фармерки, но и од воспаление на тестисот или надсеменикот (orchitis, epididimitis).

Затоа ти советувам да се јавиш кај својот матичен лекар кој ќе те препрати до лекар специјалист, уролог, кој ќе направи детален преглед и лабораториски испитувања на крвта и мочката, бидејќи само на тој начин може да се открие причината за твојата болка во тестисот.

Затоа немој да се срамиш и плашиш, туку оди на лекар.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева