Циста Печати
Имам еден проблем кој што се влечка веке 3 скоро 4 години, имам циста на горниот вагинален зид, или цистис парауретралис трансвагиналис. По пункцијата и обработените тестови, тумор маркерите и цитолошките наоди се негативни, само е најдена бактерија стрептокока Б, и веднаш ми е вбризгано после пункцијата гарамицин антибиотик, со што следеше од 7 дневна терапија со апмицилин. Ми кажаа дека од кога ќе се породам со детето ќе мора хируршки да ми ја отстранат зошто таа и понатака ќе се полни. По породувањето одам редовно на контроли, цистата е иста, не расте, но мене ми пречи, на што докторката сега вели дека е ризично да се извади зошто можат да се повредат мускулите на уретрата и како последица од истото да се подмочувам. Сакам од вас совет како да продолжам понатака, што да превземам имајќи во предвид дека сум мајка на 2 деца, имам 27 год. и секој ден живеам со страв да не се случи нешто и се да се искомплицира.

Драго ми е што си го посетила нашиот портал и што тој го привлекол твоето внимание. Сепак ове е портал за малигните заболувања и јас не би можела многу да ти помогнам во врска со твојот проблем.

Мислам дека за тоа како да се реши цистата најдобро е да се консултираш со својот гинеколог. Добро е што цистата не расте, но секогаш постои опасност да се таа инфицира со некоја бактерија, како се случило и кај тебе, кога си морала да примаш и антибиототска терапија.

За тоа дали ќе треба и може да се оперира цистата, сепак ќе треба да се консултираш со хирург, бидејќи само тој може најдобро да каже дали таа може да се извади, без да се случат некои повреди на мускулатурата на уретрата, која би можела да остави некои несакани последици.

Што се однесува до превенција на инфекцијата, потребна е редовна лична хигиена, со што се намалува и ризикот од инфекција. Во секој случај, ќе треба да одиш на редовни контроли и да се следи цистата.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева.