Лабораториски крвни тестови CRP и AS0 Печати
Имам едно прашање, дали при канцер се покачува седиментацијата? Колку се качува CRP и колку е ACO?

Седиментацијата е обично покачена кај малигните заболувања. Но, во поретки случаи седиментацијата може да биде и нормална. Врз основа на вредностите од седиментацијата неможе да се постави дијагноза на некое малигно заболување. Покачената седиментација и присутна и при многу други немалигни заболувања, а посебно е зголемена при постоење на некој акутен воспалителен процес во телото.

Ц-реактивен протеин (CRP) тест

Ц-реактивен протеин (CRP) е протеин во плазмата, кој го продуцираат црниот дроб и адипоцитите. Адипоцитите се клетки кои примарно го градат масното ткиво.

Овој протеин се испитува при воспалителните процеси, но може да биде маркер и за многу други болести, вклучувајќи ги и карциномите. Сепак најчесто CRP се користи како маркер за воспаление.

Тоа е тест со кој се мери концентрацијата на специјален тип на протеин, кој го создава црниот дроб, а е присутен а време на епизодите на актутната имфламација (воспаление) или инфекција. Во телото, CRP игра важна улога во имунолошкиот одбрамбен механизам на телото.

Како крвен тест, CRP не е специфичен. Неговите високи вредности во крвта индицираат акутно воспаление. Може да биде покачен при одредени реуматски заболување, како што се: реуматоидниот артрит и лупус. Но, дури и при постоење на овие реуматски заболувања, нивото на CRP во крвта може да биде во нормални градници, односно да не е покачено, што не значи дека и не е присутно ревматското заболување. Затоа велиме дека овој тест не е 100% сигурен и специфичен за одделни заболувања.

Нормалната концентрација на CRP во крвта е до 5 mg/dL. Обично при повеќето инфекции, нивото на CRP во крвта е над 10 mg/dL.

Позитивниот CRP може да биде индикатор за следниве состојби, вклучувајќи ги:

  • ревматоиден артрит,
  • ревматска грозница,
  • рак,
  • туберкулоза,
  • пневмонија (воспаление на бели дробови),
  • срцев инфаркт,
  • лупус.

Позитивен CRP, исто така, може да се открие и во тек на последната половина од бременоста или при користење на орални контрацептивни средства.

Неодамнешните испитувања сугерираат дека зголемените вредности на CRP се поврзани со зголемен ризик за дијабет (шеќерна болест), за хипертензија (зголемен крвен притисок) и за кардиоваскуларните заболувања.

Улогата на инфламацијата кај карциомот сеуште не е доволно позната. Некои органи од телото покажуваат поголем ризик за рак, кога се тие хронично воспалени.

Крвните тестови кај лица со рак на дебело црево имаат просечна концентрација на CRP od 2.69 милиграми на литар. Лицата кои немаат рак на дебело црево имаат средни вредности на CRP od 1.97 милиграми на литар. Разликата е статистички сигнификантна. Овие наоди се совпаѓаат и со наодите на претходните клинички студии, кои укажале дека антиинфламаторните лекови може да го намалат ризикот за развој на рак дебело црево.

Антистрептолизин – О тест (ASO)

Антистрептолизинскиот тест е крвен тест кој го мери нивото на АSO во крвта. ASO е антитело кое го ствара телото, за да се бори против стрептилизинот – О, ензим кој го ствара специфичниот тип на бактерија наречена стрептокок од групата А. Оваа бактерија може да предизвика инфекции како воспаление на грлото (стерптококна ангина), ендокардит ( воспаление на срцето) и реуматска грозница.

Значи, CRP и ASO тестовите не е специфични за карциномите.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева