Операција на рак на панкреас – совети за исхрана Печати
Опериран сум од рак на панкреас, но не добив никакви совети за исхраната. Би ве замолил да ми кажете што смеам да јадам?
Однапред во благодарам.

Претпоставувам дека кај вас е направена операција при која е отстранет панкреасот, а да при тоа не е отстранет дел од желудникот, дванаестопалачното црево и жолчната кеса (т.н.Whipplе-ова хируршка постапка).

Whipplе-овата хируршка постапка е комплициран и ризичен оперативен зафат, кои ретко се изведува. Ваков вид на операција може да се изведе само кај локализирани карциноми, односно кога туморот не е локално напреднат. По целосното отстранување на панкреасот, неопходно е доживотно давање на инсулин и ензими на панкреасот.

Панкреасот е жлезда со внатрешно и надворешно лачење. Овој орган во човековото тело има две важни фукции:

  • произведува и лачи дигестивни сокови, кои помагаaт во варењето на храната,
  • произведува и лачи хормони (инсулин и глукагон), кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Овие хормони помагаат организмот да ја складира и користи добиената енергија од храната.

Соковите кои помагаат во варењето на храната се создаваат во егзокрините панкреасни клетки (клетки со надворешно лачење), додека пак хормоните како што се: инсулинот и глукагонот се создаваат во ендокрините панкреасни клетки (клетки со внатрешно лачење).

Инсулинот кој го лачи панкреасот овозможува гликозата да навлезе во внатрешноста на клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата ќе се натрупува во крвта, клетките нема да имаат доволно енергија за нормална работа. Недостатокот на инсулин доведува до развој на шеќерна болест.

Панкреасот произведува и лачи дигестивни сокови кои се влеваат во цревата и помагаaт во варењето на храната.Тие ја разградуваат храната, првенствено мастите.

По отстранување на дел од панкреасот не постои одредена диета. Треба да се прати нивото на инсулинот во крвта, како и нивото на дигестивните сокови во цревата. Панкреасот ги излачува овие супстанции во вишок, така да не мора да дојде до пореметување на овие две состојби, па затоа не се секогаш и потребни некои посебни диететски мерки.

Сепак првенствено треба да се избегнува масна храна, која поради недостатокот на дигестивните сокови од панкреасот потешко се разградува, па како последица на тоа се јавуваат масни столици. Во случај на масни столици, потребно е да се даваат ензими на панкреасот постепено во се поголеми дози (Kreon, Panaze Prolipaze), се додека столицата не се нормализира. Доколку постои запек, тој треба да се регулира со чаеви или таблети за да се постигне редовно празнење на цревата.

Против губитокот на апетит и телесната тежина ќе се одбраните со внесување на чести, но помали оброци, со кашеста храна на пример компоти, пасирано овошје и зеленчук, со супи од зеленчук и мелено месо и со протеински напитоци.

Д-р Л. Ацева