Грутчиња на вратот Печати
Веќе подолго време имам грутчиња на вратот од позади од левата страна, а од време на време ме боли и левата рака од таа страна и како да ми трпни. Направив комплетна крвна слика која е во ред, а на периферниот разм. лимфоцитите ми се малку покачени на 0.48 (0.21-0.40), еозинофилите ми се покачени на 0.05 (0.02-0.04). Дали да одам на боипсија, или да правам тумор маркер или не е ништо страшно? Ве молам ако можете одговорете ми, општиот доктор ми вели дека не е ништо страшно.

Само врз основа на вашето писмо неможам да оценам за што точно се работи кај вас. Сепак потребен е преглед за да се оцени дали станува збор за некоја болест или за само масни грутчиња кои често се јавуваат по телото, особено на вратот.

Добро е што сте се консултирале со вашиот матичен лекар, бидејќи тој најдобро може да ви каже за каква промена станува збор, бидејќи ги видел тие промени на вратот и ве прегледал. Вашите лабораториски наоди се во ред.

Контролирајте ги промените на вратот. Доколку забележите дека се зголемуваат или стануваат помногубројни, повторно отидете на преглед кај вашиот лекар, кој врз основа на прегледот, доколку е потребно ќе ве препрати до специјалист и до понатамошни испитувања.

Поздрав.

Др. Л. Ацева.