Болка на главата на пенисот Печати
Би сакал да ве прашам нешто во врска со пенисот. Кога ќе ја повлечам кожичката, неможам да се допрам по главата од пенисот. Имам болка. Би сакал да ми одговорите на ова прашање.

Според тоа што ми го опишувате во вашиот маил, најверојатно се работи за некомплетна фимоза, односно неможност целосно кожичката на главата на пенисот да се повлече на назад. Можно е да е тоа и причина за болката. Често може ваквите ситуации да се погодни за развој на инфекција, која ја влошува состојбата.

Затоа, Ве молам јавете се веднаш на контрола кај лекар-уролог, кој ќе може врз основа на преглед, а доколклу треба и некои други дополнителни испитувања, да каже за што конкретно се работи кај вас.

На овој начин, за жал, јас неможам, да ви дадам дефинитивна дијагноза. Потребен е преглед.

Но, можам да ве смирам дека не е рак, барем по тоа што ми опишувате. Најверојатно е некоја инфекција или болка поради механичка повреда со насилно повлекување на кожичката на главата на пенисот. НО, прегледот е обавезен. Затоа очекувам да го послушате мојот совет.

Др. Л.Ацева
Спрецијалист радиотерапевт и онколог
Универзитетска Клиника за радиотерапија и Онкологија, Скопје.