Појава на нови бемки по телото Печати
Имам 36 години и последниве 3 години забележав дека ми се појавуваат нови бемки по телото, особено на рацете. Имам темен тен. Во текот на летните месеци ја заштитувам кожата со креми со заштитен фактор 15. Дали можете да ми дадете совет и препорака на каков преглед треба да отидам.

Појавувањето на нови пигментни лезии на кожата бараат лекарски преглед. Најдобро е да се јавите на преглед кај лекар специјалист дерматолог кој со најсовремена дијагностичка метода дерматоскопија ќе може да постави прецизна дијагоза за каков вид на лезии се работи.

Дерматоскопијата е метода која се користи за пратење на нетипичните бемки и за рано откривање на меланомот. Најновите истражувања покажуваат дека бројот на бемките е пропорционален со изложеноста на сонце, во првите 10 години од животот.