ВАШИ ПРАШАЊА: Јака болка во стомакот Печати
Околу 10 дена имам јаки болки во стомакот, поточно над папокот. Болката е јака и кога седам и кога лежам на стомак. Имам чувство како да имам камен во стомакот, немам аптети и имам мачнина. Не сум бремена, бидејќи неможам да имам деца. Имав рак на грлото на матката пред 4 години и ми беше направена операција. Пред неколку години имав почетен чир на желудник и пиев лекови. Но престанав да ги пијам лековите, бидејќи ми беше подобро. Што да правам? Како да си помогнам? Имам 32 години.

Причините за болка во стомакот се многубројни. Најчесто причина за вака јака болка е чирот на желудникот (укусна болест) и присуството на жолчни камења во жолчната кеса.

Мој совет е да се јавите на лекар и да ги направите основните лабораториски анализи, ултразвучен преглед на абдоменот и гастроскопија. Лекарот врз основа на овие дијагностички процедури ќе може да оцени дали ќе бидат потребни и други дополнителни дијагностички постапки.