Дали може да го заразам партнерот? Печати

Имам кондиломи во рана фаза и сега ги лекувам со спреј. Прашањето ми е откога ќе се излечат кондиломите и се отстранат, дали после тоа можам слободно да имам сексуални односи, а без да го заразам пратнерот со кондиломи?

Потребно е да се утврди дали сеуште постои инфекција кај тебе и по завршувањето на лекувањето на кондиломите. Доколку постои инфекција со ХПВ вирусот, може да ја пренесеш и на твојот партер при сексуален однос.