Како фимозата го зголемува ризикот за рак? Печати

Ако можете да ми објасните како фимозата делува т.е прочитав на вашиот портал дека луѓето кои имат фимоза се изложени повеќе за добивање на рак на пенисот ...па на што се должи тоа, како се поврзани тие 2 работи??? Јас имам фимоза но не беше до тој степен да не може да го повлекувам перцепциумот преку главата. Веке 2 месеца имам терапија со масти и оди на подобо т.е. се нормализира. Па ако може да ми појасните дали после моето нормализирање ќе треба хируршки да го отстранам перцепциумот за да го намалам ризикот од рак??? И дали знак за рак може да биде само раничка на главата или и некои други работи... Прочитав на порталот некои папули пустули ...па како изгледаат???

Фимозата е состојба кога препуциумот не може да се повлече преку главата на пенисот. Се јавува поради стеснување на препуциумот на пенисот. Кај тебе постои поблага форма на фимоза, која најверојатно ќе може да се корегира со терапија и нема да биде потребен оперативен зафат. За фимозата имаш доста на нашиот портал, најверојатно си прочитал. а доколку не си го нашол написот, еве го линкот:

http://www.rak.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=510-phimosis&catid=80-penile-un&Itemid=79

Фимозта еден фактор на ризик за настанување на ракот на пенисот во подоцнешните години од животот. Причина за тоа е што не е можна целосна хигиена на интимната регија и што се насобира смегма под препуциумот, кој целосно не се повлекува на назад. Смегмата е секрет кој го лачат жлездите и нормално се ствара кај секој маж. Но, со секојдневна хигиена, тој секрет се отстранува и не делува надразнувачки на кожата на главата на пенисот. Долкотрајното надразнување на кожата на главата на пенисот од страна на насобраната смегма под преуциумот може да доведе до појава на малигна раничка под препуциумот, во делот кој не се целосно повлекува на назад. Може под фимозата да се развие ракот.

Ракот на пенисот започнува како мала раничка на главата на пенисот, која не заразнува и која постојано се зголемува и шири. Таа е обично безболна, доколку не дојде до некое дополнително воспаление. Обично ракот на пенисот се јавува во понапредната возраст.

Сепак ти препорачувам да редовно одиш на контроли кај твојот лекар и да се консултираш за терапијата. Доколку е потребно може со едноставен хируршки зафат да се корегира фимозата. Но, секако, за тоа ќе одлучи твојот лекар, врз основа на прегледот.

Поздрав.

Др.Л.Ацева