Градус и стадиуми Печати

Стадиум и градус на туморите

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност.

Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Стадиуми на карцином во максиларниот синус

Стадиум 0

Во стадиум 0, карциномот се наоѓа само во максиларниот синус. Стадиум 0 е carcinoma in situ.

Стадиум I

Во стадиум I, карциномот се наоѓа во мукозната мембрана на максиларниот синус.

Стадиум II

Во стадиум II, карциномот се шири во коската околу максиларниот синус, вклучувајќи го и покривот на носот, но не и коскеното ткиво зад максиларниот синус, врз базата на черепот.

Стадиум III

Во стадиум III, карциномот се наоѓа на некое од следниве места: задниот коскен ѕид на максиларниот синус, поткожното ткиво, очните дупки, базата на черепот или етмоидалниот синус.

Карциномот се наоѓа во еден лимфен јазол на истата страна од вратот каде што е карциномот. Големината на лимфниот јазол е 3 cm или помалку и карциномот исто така се наоѓа на некое од следниве места: максиларниот синус, коскеното ткиво околу максиларниот синус, поткожното ткиво, очните дупки, базата на черепот или етмоидалниот синус.

Стадиум IV

Стадиум IV е поделен на стадиум IVA, IVB и IVC.

Стадиум IVA

Во стадиум IVA, карциномот се шири во еден од лимфните јазли од истата страна на вратот и лимфниот јазол е поголем од 3 cm, но помал од 6 cm или карциномот се шири на повеќе од 1 лимфен јазол на која било страна од вратот и сите лимфни јазли се 6 cm или помали и карциномот се наоѓа на кое било од следниве места: предна страна на очите, кожата на образите, базата на черепот, зад вилицата, коскеното ткиво помеѓу очите, сфеноидалниот или фронталниот синус.

Стадиум IVB

Во стадиум IVB карциномот се шири во еден или повеќе лимфни јазли, кои се поголеми од 6 cm или зад очите, во мозокот, базата и средните партии на черепот, нервите на главата, во горните делови на грлото, кои се наоѓаат зад носот и карциномот може да се најде во еден или повеќе лимфни јазли.

Стадиум IVC

Во стадиум IVC карциномот се шири во другите делови на телото.

Стадиуми на карцином во носната празнина и етмоидалниот синус

Стадиум 0

Во стадиум 0, карциномот се наоѓа само во носната празнина или етмоидалниот синус. Стадиум 0 е carcinoma in situ.

Стадиум I

Во стадиум I карциномот се наоѓа само во една ареа (било во носната празнина било во етмоидалниот синус) и може да се шири во коскеното ткиво.

Стадиум II

Во стадиум II карциномот се наоѓа во две ареи (било во носната празнина било во етмоидалниот синус) и се шири во коскеното ткиво.

Стадиум III

Во стадиум III карциномот се наоѓа во едно од следниве места: очните дупки, максиларниот синус, покривот на усната празнина или коскеното ткиво помеѓу очите.

Стадиум IV

Стадиум IV е поделен на стадиум IVA, IVB и IVC.

Стадиум IVA

Во стадиум IVA, карциномот се шири на еден лимфен јазол од истата страна на вратот и лимфниот јазол е поголем од 3 cm, но помал од 6 cm или карциномот се шири на повеќе од 1 лимфен јазол од која било страна на вратот и сите лимфни јазли се 6 cm или помали или карциномот може да се најде во едно од следниве места: носна празнина или етмоидален синус, очните дупки, максиларниот синус, покривот на усната празнина и коскеното ткиво помеѓу очите или карциномот се наоѓа во еден или повеќе лимфни јазли на вратот и лимфните јазли се 6 cm или помали и карциномот се наоѓа на едно од следниве места: предната страна на очите, кожата на носот или образите, предниот дел на черепот, базата на черепот, сфеноидалниот или фронталниот синус.

Стадиум IVB

Во стадиум IVB, карциномот се наоѓа на едно од следниве места: зад очите, мозочното ткиво, средните делови на черепот, нервите на главата, горните делови на грлото, кои се наоѓаат зад носот и базата на черепот.

Карциномот може да се најде и во еден или повеќе лимфни јазли или карциномот се наоѓа во лимфен јазол, кој е поголем од 6 cm.

Стадиум IVC

Во стадиум IVC, карциномот се шири во другите делови на телото.

Рекурентен карцином

Рекурентен карцином е оној што повторно се јавува по третманот. Тој може да се јави во параназалните синуси, носната празнина или во други делови на организмот.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.