Стадиум и градус на туморите на хипофаринкс Печати

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Компјутеризираната томографија и магнетната резонанца се дијагностички постапки со кои се проценува волуменот на туморот и се утврдува постоењето на инвазија на околните структури. КТ на градниот кош се предвидува во сите случаи на постоење на висок ризик од метастази во оваа регија.

Поради релативно високиот ризик од симултани втори примарни неоплазми, можат да се прават бронхоскопија и езофагоскопија.

Во време на поставување на дијагнозата, околу 60% од пациентите се со локално напредната болест со проширување во регионалните лимфни јазли.

Серии од аутопсија покажуваат дека кај 60% од пациентите се присутни далечни метастази во речиси секој орган.

Перзистентната или рекурентната локорегионална болест, како и далечното метастазирање, придонесуваат за лошата прогноза кај овие пациенти.

Одредувањето на стадиумите означени според The American Joint Committee on Cancer (AJCC) се базира врз TNM класификацијата.

TNM класификација

Примарен тумор (T)

TX: Примарен тумор не може да се процени,

T0: Нема доказ за примарен тумор,

Tis: Carcinoma in situ,

T1: Тумор ограничен на едно место на потекло* во хипофаринксот и има ≤2 cm во дијаметар,

T2: Туморот врши инвазија на повеќе од едно место на потекло* во хипофаринксот или на соседното место, или има >2 cm но ≤4 cm во дијаметар без фиксација на хемиларинксот,

T3: Туморот има >4 cm во најголемиот дијаметар или со фиксација на хемиларинксот,

T4a: Туморот врши инвазија на тироидната/крикоидната ‘рскавица, хиоидната коска, тироидната жлезда, езофагус, или на мекото ткиво на централниот компартман, кој ги опфаќа преларингеалните мускули и поткожното масно ткиво,

T4b: Туморот врши инвазија на превертебралната фасција, ја опфаќа каротидната артерија, или ги засега медијастиналните структури.

Места на потекло на хипофаринксот се следниве:

  • Фарингоезофагеален спој (пр. посткрикоидна површина), кој се протега од нивото на аритеноидните ‘рскавици и сврзните превои до долната граница на крикоидната ‘рскавица.
  • Пириформен синус, кој се протега од фарингоепиглотичниот превој до горниот крај на езофагусот, ограничен латерално со тироидната ‘рскавица и медијално со површината на ариепиглотичниот превој и аритеноидната и крикоидната ‘рскавица.
  • Заден фарингеален ѕид, кој се протега од ниво на дното на валекулата до ниво на крикоаритеноидните споеви.

Регионални лимфни јазли (N)

NX: Регионални лимфни јазли не можат да се проценат,

N0: Нема метастаза во регионалните лимфни јазли,

N1: Метастаза во еден ипсилатерален лимфен јазол, ≤3 cm во најголемиот дијаметар,

N2: Метастаза во еден ипсилатерален лимфен јазол, >3 cm но ≤6 cm во најголемиот дијаметар, или во повеќе (мултипни) ипсилатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар, или во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2a: Метастаза во еден ипсилатерален лимфен јазол >3 cm но ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2b: Метастаза во повеќе (мултипни) ипсилатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2c: Метастаза во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N3: Метастаза во лимфен јазол >6 cm во најголемиот дијаметар.

Далечни метастази (M)

MX: Далечни метастази не можат да се проценат,

M0: Нема далечни метастази,

M1: Далечни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Групирање според AJCC стадиуми

Стадиум I

T1 N0 M0

Стадиум II

T2 N0 M0

Стадиум III

T3 N0 M0

T1 N1 M0

T2 N1 M0

T3 N1 M0

Стадиум IVA

T4a N0 M0

T4a N1 M0

T1 N2 M0

T2 N2 M0

T3 N2 M0

T4a N2 M0

Стадиум IVB

T4b, кое било N, M0

кое било T, N3, M0

Стадиум IVC

кое било T, кое било N, M1