Терапија по стадиуми Печати

Преглед на можностите за третман

  • Зрачна терапија со високи дози претставува примарен третман на назофарингеалните карциноми, за местото на примарниот тумор и вратот.
  • Хируршкиот третман, кога е можен, е обично резервиран за лимфните јазли кои не се повлекуваат по зрачењето или јазлите што повторно се појавиле по комплетниот клинички одговор.
  • Дозата на зрачната терапија и границите на полето се одредуваат индивидуално, во зависност од локализацијата и големината на примарниот тумор и лимфните јазли.
  • При продолжено спроведување на зрачна терапија се регистрира значајно намалување на локалната контрола, па секогаш кога е тоа можно, пролонгираната стандардна терапија треба да се одбегнува.

Стадиум I на карцином на назофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Зрачна терапија со високи дози на местото на примарниот тумор и профилактичка зрачна терапија на лимфните јазли.

Стадиум II на карцином на назофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Хеморадиотерапија
  • Зрачна терапија со високи дози на местото на примарниот тумор и профилактичка зрачна терапија на лимфните јазли.

Стадиум III на карцином на назофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Хеморадиотерапија.
  • Високи дози или суперфракционирана зрачна терапија на местото на примарниот тумор и билатералните вратни јазли, кои се клинички позитивни.
  • Вратна дисекција може да биде индицирана при перзистентни или рекурентни јазли, доколку на примарниот тумор е под контрола.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Неоадјувантна хемотерапија, која според наодите во клиничките студии се користи за намалување на туморите и нивно приспособување за поуспешно лекување со зрачење. Хемотерапијата се дава пред другите тераписки модалитети, па оттука и означувањето како неоадјувантна, за да се разликува од стандардната адјувантна терапија, која се применува по или во тек на терапијата со зрачење или по хируршкиот третман.
    Многу комбинации на лекови се употребувани во неоадјувантна хемотерапија.
    Во две рандомизирани проспективни студии се компарирани комбинираната хемотерапија (cisplantin, epirubicin и блеомицин или cisplantin плус 5-флуоро-урацил) плус зрачна терапија со само зрачната терапија. И покрај тоа што преживувањето без болест (disease-free survival) било подобрено во групата што примала хемотерапија во двете групи, подобрување на вкупното преживување е регистрирано само во меѓугрупата во која хемотерапија со cisplantin е давана конкурентно.
  • Клиничките студии за напреднати тумори во кои се евалуира употребата на хемотерапија пред зрачната терапија, конкомитантно со зрачна терапија, или како адјувантна терапија по зрачната терапија, треба да се имаат предвид.

Стадиум IV на карцином на назофаринксот

Стандардни опции на третман

  • Хеморадиотерапија.
  • Висока доза или суперфракционирана зрачна терапија на местото на примарниот тумор и билатералните лимфни јазли, кои се клинички позитивни.
  • Вратна дисекција треба да биде резервирана за перзистентните или рекурентните јазли.
  • Хемотерапија за пациентите во стадиум IVC.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Неоадјувантна хемотерапија, која според наодите во клиничките студии се користи за намалување на туморите и нивно приспособување за поуспешно лекување со зрачење. Хемотерапијата се дава пред другите тераписки модалитети, па оттука и означувањето како неоадјувантна, за да се разликува од стандардната адјувантна терапија, која се применува по или во тек на терапијата со зрачење или по хируршкиот третман. Многу комбинации на лекови се употребувани во неоадјувантната хемотерапија. Во три рандомизирани проспективни студии се компарирани комбинираната хемотерапија (cisplantin, epirubicin и блеомицин или cisplantin плус 5-флуороурацил) плус зрачна терапија со само зрачната терапија (ннд-B). И покрај тоа што преживувањето без болест (disease-free survival) било подобрено во групата што примала хемотерапија во двете групи, подобрување на вкупното преживување е регистрирано само во меѓугрупата во која хемотерапија со cisplantin е давана конкурентно.
  • Клиничките студии за напреднати тумори во кои се евалуира употребата на хемотерапија пред зрачната терапија, конкомитантно со зрачна терапија, или како адјувантна терапија по зрачната терапија, треба да се имаат предвид.
  • Нови радијациски тераписки техники како што е интензитет-модулираната зрачна терапија (ИМРТ).

Рекурентен назофарингеален карцином

Стандардни опции на третман

  • Селектирани пациенти можат повторно да се третираат со надворешно зрачење, со умерени дози со употреба на ограничени зрачни полиња и интракавитарна или интерстицијална брахитерапија на местото на рекурентниот тумор.
  • Кај високо селектирани пациенти, хируршка ресекција на рекурентните лезии.
  • Хемотерапија, доколку пациентот има метастази или локален рецидив, која веќе не одговара на хируршката или зрачната терапија.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

  • Треба да се земат предвид клиничките студии во кои се евалуираат хемотерапија и интерферон.

Радиотерапија

Дефинитивна РТ

Примарен тумор и опсежна аденопатија:

70 Gy (2 Gy/ден) ± брахитерапија

Врат

Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)